Европа
(Видео) Некој му ја згазна ногата на Лавров на самитот, снимката што ја објави Киев стана вирална
Антон Герашченко, поранешен советник на министерот за внатрешни работи на Украина, сподели видео на социјалната мрежа Икс.
На видеото се гледа Владимир Путин, а зад него е рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Додека го слушаат говорот на самитот, некој што помина покрај Лавров, го згазнал на ногата. Лавров изреагира со гримаса и кажа нешто.
„На самитот на БРИКС некој ја згазна ногата на Лавров. Јасно беше дека возврати со пцовка. Секогаш дипломат“, напиша Герашченко.
At the BRICS summit, someone stepped on Lavrov's foot. It was clear that he whispered an obscenity back.
Ever the diplomat. https://t.co/yArPL0ItOR pic.twitter.com/ImF87wTdmp
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 24, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Путин до Додик: Мило ми е што те гледам повторно, ние сме братски народи
Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа во Казан се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.
Путин му посака добредојде на Додик во градот Казан и истакна дека се надева оти присуството на самитот на БРИКС е корисно, пренесува Кликс.ба.
„Се надевам дека имавте добри и корисни контакти за време на овој настан“, рече Путин.
Додик се заблагодари за пречекот и можноста да види како изгледа средба од ваков формат и изрази желба Република Српска да биде вклучена во некои од формите на БРИКС.
Увијек је посебно задовољство сусрести се с великим свјетским лидером и искреним пријатељем Српске, предсједником Руске Федерације Владимиром Путином.
Односи Републике Српске и Русије су на никад бољем нивоу, чврсто утемељени нашим добрим и пријатељским везама.
На састанку је… pic.twitter.com/2j3t86mgBe
— Милорад Додик (@MiloradDodik) October 24, 2024
„Со нетрпение го очекувам вашиот напредок на економски план, тоа покажува дека воведените санкции не ги даваат посакуваните ефекти“, рече Додик и го информираше претседателот Путин за американските санкции што му беа воведени на него и на официјалните претставници на РС.
Наводно, Додик му рекол на Путин дека пред два дена одбил воведување визи за руските граѓани и го информирал за приказните за наводните логори во РС.
Тој рече дека ЕУ го условува натамошниот напредок на БиХ на европскиот пат со барања како што е воведување визи за Русите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „важно е соработката со Република Српска да биде од практична природа и да се развива во духот на взаемно почитување, како што треба да биде меѓу братските народи“, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека политичките контакти меѓу Русија и Република Српска се прошируваат.
Во разговорот со претседателот на РС, Путин истакна дека е запознаен со тешкотиите со кои се соочува Република Српска и низ какви искушенија треба да помине.
„Сигурен сум дека со вашиот карактер и фокусираноста на граѓаните кон заштитата на националните интереси ќе се надминат сите тешкотии. Мило ми е што повторно ве гледам“, рече Путин.
Тој изрази надеж дека учеството во БРИКС е корисно и дека Додик има корисни деловни контакти.
Путин додаде дека времињата се менуваат и ситуацијата во светот се менува.
Европа
Украина: Севернокорејските војници пристигнаа во Курск, се приклучија на војната
Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана (ГУР) објави дека севернокорејски воени единици се распоредени во руската област Курск, односно во зоната на конфликт меѓу украинските и руските војници, пренесува Анадолија.
ГУР објави дека севернокорејските трупи, обучени во Русија, се вклучиле во војната против Украина.
Според украинските разузнавачи, околу 12.000 војници од Северна Кореја се испратени во Русија, меѓу кои 500 офицери и тројца генерали. Во соопштението се наведува дека војниците се опремени со муниција, постелнина, зимска облека, обувки и средства за хигиена.
Европа
Финска трајно затвора два гранични премини со Русија
Финската гранична служба денеска соопшти дека трајно затвора два гранични премини со Русија, Инари и Парикалу, кои не функционираат веќе неколку години, објави Иле.
Затворени се привремените гранични премини во Парикала и Лиекса (Инари), се наведува во соопштението.
Парикала престана со работа во 2022 година, додека Инари во Лиекса е затворен од 2021 година, пишува Интерфакс.
Финската гранична служба во соопштение додава дека постои можност овие контролни пунктови да бидат повторно отворени во иднина, доколку Москва и Хелсинки се договорат за тоа.