Свет
(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба
Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот на третата ноќ со насилни протести поради смртта на црнецот барајќи одговорните полицајци да бидат казнети. Во градот е прогласена вонредна состојба, пренесува Би-би-си.
Третиот штаб на полицискиот оддел во Минеаполис беше уништен доцна во четвртокот вечерта, а толпа демонстранти е видена како влегуваат во зградата кршејќи прозорци, додека некои се обиделе да ја запалат.
The fire at the MPD’s 3rd Precinct was only at one corner 5 minutes ago. It’s now spread across the entire building. With no firefighters on scene… that building will likely be destroyed tonight. pic.twitter.com/t6p3Yv1KYV
— Seth Kaplan (@Seth_Kaplan) May 29, 2020
Иако присуството на полицијата во тоа подрачје било големо во текот на денот, се чини дека полицајците потоа се повлекле не спротивставувајќи се на упадот во полициската станица.
Медиумите јавуваат дека се слушнале противпожарни аларми и дека се вклучени прскалки за гаснење на пожарот додека демонстрантите се наоѓаат пред зградата.
Полицијата соопшти дека зградата е евакуирана поради безбедноста на персоналот.
This is the 3rd Precinct of the MPD. The fire at the corner is growing. pic.twitter.com/yA0J0l0Ebz
— Seth Kaplan (@Seth_Kaplan) May 29, 2020
Четворица полицајци, кои беа отпуштени поради смртта на црнецот Џорџ Флојд, наводно, работеле во полициската станица, каде што протестите ескалираа порано оваа недела.
Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, кои уништија сè што им е на патот.
Во Минеаполис беше прогласена вонредна состојба, а немирите се раширија во Чикаго, Лос Анџелес и во Мемфис.
Breaking: Dozens of rioters have just entered the 3rd Police Precinct in Minneapolis, Minnesota. Rioters have started multiple fires in the building and sprinklers are going off. pic.twitter.com/mIX1c51guz
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) May 29, 2020
Џорџ Флојд почина кога полицискиот службеник за време на апсењето со коленото му го притискал вратот осум минути, а уапсениот молел да го пуштат да оди бидејќи не може да дише.
Тој почина набргу по тоа, па затоа илјадници граѓани излегоа на улиците на Минеаполис по инцидентот во понеделникот барајќи правда.
Протестите траат веќе три ноќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.
Свет
Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Според него, Украина работи со сите партнери за безбедносни гаранции.
„Општо земено, ние сме блиску до тој проект. Имавме средба со американски сенатори. Рековме дека навистина сакаме да ги продолжиме безбедносните гаранции, за да бидат поефикасни за инвеститорите на кои им се потребни гаранции повеќе од пет до десет години“, рече Зеленски, пренесоа украински медиуми.
Тој додаде дека американската страна синоќапредложила гаранции од 15 години, додека Украина сака да додаде 20 години на тоа, за периодот да биде помеѓу 30 и 50 години.
„Зависи од тоа што ќе одлучат администрацијата и Конгресот, ќе видиме“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.

