Свет
(Видео) Нетанјаху: Работиме заедно како железна тупаница за една цел
Откога Хамас ослободи уште двајца заложници, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и шефовите на одбраната велат дека нивната главна цел останува целосна елиминација на Хамас.
Statements by Prime Minister Benjamin Netanyahu, Defense Minister Yoav Gallant and IDF Chief-of-Staff Lt.-Gen. Herzi Halevi, at the start of a security assessment:
“We are working together as an iron fist for one objective – to eliminate Hamas.” pic.twitter.com/v1WNxduRhn
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) October 23, 2023
„Работиме заедно како железна тупаница за една цел – елиминација на Хамас“, рече Нетанјаху за време на безбедносниот брифинг со министерот за одбрана, Јоав Галант, и началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Херци Халеви.
🇮🇱⚔️🇵🇸 – Prime Minister Benjamin #Netanyahu is currently assessing the situation with members of the War Cabinet in Kirya, Tel Aviv. pic.twitter.com/W1M4xwaIHs
— 🔥🗞The Informant (@theinformantofc) October 18, 2023
Галант додаде дека се сретнал со војници во израелските копнени, воздушни и поморски сили, кои сите „минуваат низ темелен и долг процес на подготовка“ за извршување на нивните мисии во Газа.
“We want to bring Hamas to a state of full dismantling—its leaders, its military branch, and its working mechanisms.
That is why we are striking, and eliminating high ranking commanders and members, destroying infrastructure, and acting with great determination.”
Watch this… pic.twitter.com/4wUwiN1s22
— Israel Defense Forces (@IDF) October 23, 2023
„Сакаме да го доведеме Хамас во состојба на целосен распад – неговите водачи, воениот разгранок и механизмите за работа“, рече Халеви во посебно видео објавено од ИДФ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.