Свет
(Видео) Ново пукање во трговски центар во САД: Напаѓач убил тројца, по што бил убиен од минувач

Вооружен маж уби три лица во неделата во ресторан во трговски центар во близина на Индијанаполис, пред да биде застрелан и убиен од вооружен случаен минувач, изјави началникот на полицијата во Гринвуд, Џим Исон.
„Вистинскиот херој на денот е граѓанин кој легално носел огнено оружје во тој ресторан и успеал да го спречи напаѓачот практично веднаш штом почнал да пука“, изјави Ајсон на новинарите.
Тој рече дека вооружениот минувач е 22-годишен маж.
Уште две лица се повредени во инцидентот што се случи рано вечерта во трговскиот центар Гринвуд Парк, објави весникот „Индијанаполис стар“. Напаѓачот бил сам и имал пушка и неколку чаури со муниција, пишува весникот.
Нападот доаѓа во услови на загриженост на јавноста поради пукањето во училиштата, работното место и јавните места во САД, кои редовно се на насловните страници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.