Свет
(Видео) Нов гаф на Бајден, ги помеша Газа и Украина, двапати

Американскиот претседател, Џо Бајден, двапати ја помеша Газа со Украина.
Американскиот лидер двапати погрешно спомна како хуманитарната помош стигнува во Украина, додека тоа се случува во Газа, оставајќи им на претставниците на Белата куќа да разјаснат што всушност сакал да каже.
Најавата на Бајден дојде за време на средбата со италијанската премиерка, Џорџа Мелони.
Watch this Biden video closely. His handlers give him notes to read because his brain is toast. Then, the second he looks up and says a few words without the notes. He mixes up Gaza with Ukraine. 🤣🤣 pic.twitter.com/Sie8IT5BOm
— Vince Langman (@LangmanVince) March 2, 2024
„Помошта во Газа не е ни приближно доволна. Животите на децата и невините се загрозени. Нема да запреме додека не добијат поголема помош. Треба да испратиме стотици камиони, а не само неколку“, рече Бајден.
Тој, исто така, изрази надеж дека ќе има договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас до Рамазан, светиот муслимански месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Израелски туристи сакаа да се истоварат на грчки остров: мештаните го блокираа крузерот

Група демонстранти го блокираа пристаништето во Егејското Море каде што требаше да се закотви израелски крузер.
Крузерот со неколку стотици туристи од Израел не можеше да се истовари на грчкиот остров Сирос. Тие беа спречени во тоа од околу 300 демонстранти кои го „окупираа“ пристаништето Ермуполис со палестински знамиња и транспаренти за поддршка, според медиумите во регионот.
Hundreds of Israelis aboard a Mano Maritime cruise ship were stranded at the port of Syros, Greece, after pro-Palestinian protesters blocked them from disembarking pic.twitter.com/npWwMDLPbW
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) July 22, 2025
Патниците според написите требало да поминат околу шест часа на островот.
„Стоп на геноцидот“, беше главниот транспарент во пристаништето, а собирот беше организиран од активистички групи и граѓани, жители на островот. Тие објавија на социјалните мрежи дека „креваат тупаници во солидарност со Палестинците во Газа“.
Првите патници кои се обиделе да се истоварат наводно биле полеани со вода. Кога ги виделе демонстрантите од бродот, многу патници кренале израелски знамиња и почнале да пеат, пишува jns.
„Неприфатливо е туристите од Израел да продолжат да бидат добредојдени тука додека Палестинците страдаат во Појасот“, рекоа тие, додавајќи дека „тие не се туристи, туку воени злосторници“, пишуват медиумите.
Фото: принтскрин
Свет
Си-ен-ен: Трамп е сè повеќе незадоволен од Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп беше изненаден од воените потези на Израел во Газа и Сирија минатата недела, и во двата случаи итно го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да „ја поправи ситуацијата“, објави CNN.
Овие повици, според извори од администрацијата, го одразуваат сè повеќе затегнатиот однос меѓу двајцата лидери. Трамп беше особено разгневен од воздушниот напад на израелската војска врз единствената католичка црква во Газа минатиот четврток, во кој загинаа три лица. Веднаш потоа, тој го повика Нетанјаху и побара од израелската влада да издаде соопштение во кое признава дека нападот бил грешка, според медиумот.
Слично нешто се случи откако израелската армија изврши воздушни напади минатата недела врз владини згради во Дамаск, главниот град на Сирија, во време кога администрацијата на Трамп вложува напори за обнова на земјата разурната од војна.
„Претседателот има добри работни односи со Биби Нетанјаху и често комуницира, но тој беше изненаден од бомбардирањето во Сирија и нападот врз црквата во Газа“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за новинарите во понеделникот.
Таа додаде дека „во двата случаи, претседателот веднаш го повикал премиерот за да ја поправи ситуацијата“. Ливит ја истакна улогата на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е задолжен за ублажување на тензиите во Сирија, каде што Трамп неодамна ги ублажи санкциите и му ја даде својата поддршка на новиот сириски претседател, Ахмед ал-Шара, поранешен бунтовнички лидер.
Иако Трамп и Нетанјаху се чини дека се цврсти сојузници, нивниот однос никогаш не бил особено близок. Луѓето запознаени со нивниот работен однос велат дека постои меѓусебна недоверба меѓу нив што повремено се прелева во јавноста, според написите.
„Трамп, според помошниците, со растечка загриженост ја следи тековната војна во Газа и зголемениот број цивилни жртви, вклучувајќи ги и оние убиени во црква минатата недела.
„Претседателот не сака да види ваков вид брутално насилство што се случува на Блискиот Исток предолго. Тој сака убиствата да престанат“, рече Ливит.
Таа додаде дека Белата куќа вложува значителни напори за да дозволи хуманитарна помош во Газа, дури и кога министрите за надворешни работи на 25 западни земји го осудија Израел за она што го нарекоа „капка по капка“ испорака на помош во Појасот. Министерството за здравство на Газа соопшти дека повеќе од 1.000 луѓе се убиени обидувајќи се да внесат помош во Појасот од крајот на мај.
„Претседателот Трамп е причината зошто воопшто се доставува помош во Газа“, рече Ливит. „Тој сака тоа да се направи мирно, без дополнителни жртви“. Таа заклучи: „Ова е многу тешка и сложена ситуација што претседателот ја наследи поради слабостите на претходната администрација. Мислам дека заслужува пофалби. Тој сака мир и беше многу јасен во врска со тоа“.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп повторно ги повлекува САД од УНЕСКО

Соединетите Американски Држави ќе се повлечат од културната и образовна агенција на Обединетите нации – УНЕСКО, а актуелниот претседател Доналд Трамп продолжува со повлекување на земјата од други меѓународни институции, кои долго време ги критикувал, изјавиле двајца европски дипломати.
Белата куќа веднаш не одговорила на барањето за коментар на „Ројтерс“ за овој потег.
Ова претставува удар за агенцијата со седиште во Париз, основана по Втората светска војна за промовирање мир преку меѓународна соработка во областа на образованието, науката и културата. И „Њујорк пост“ објави за повлекувањето на САД од УНЕСКО повикувајќи се на информации добиени од функционери на Белата куќа.
Трамп презеде слични чекори и за време на својот прв мандат. Тогаш САД исто така се повлекоа од Светската здравствена организација, Советот за човекови права при ОН, глобалниот договор за климатски промени и од иранскиот нуклеарен договор.
Одлуките што ги донесе Трамп беа поништени од неговиот претходник Џо Бајден, кој ја презеде функцијата во 2021 година, со што САД повторно станаа членки на УНЕСКО, СЗО и климатскиот договор. Но, со враќањето на Трамп во Белата куќа, САД повторно се повлекуваат од овие меѓународни агенции и тела.
Претходно, Трамп одлучи да ги повлече САД и од СЗО и да го прекине финансирањето на палестинската хуманитарна агенција УНРВА како дел од ревизијата на учеството на САД во агенциите на ОН, која треба да заврши во август.
УНЕСКО е најпозната по прогласувањето места со културно или природно светско наследство.
САД ѝ се приклучија на оваа меѓународна агенција веднаш во 1945 година кога таа беше основана, но првпат се повлекоа во 1984 година во знак на протест против наводно лошо финансиско управување и антиамериканските потези. Се вратија речиси 20 години подоцна, во 2003 година, за време на мандатот на претседателот Џорџ В. Буш, кој тогаш изјави дека агенцијата спровела потребни реформи.
САД моментно обезбедуваат речиси 8 проценти од вкупниот буџет на УНЕСКО во споредба со приближно 20 проценти кога Трамп првпат ги повлече САД од агенцијата.