Европа
(Видео) Нов скандал на Јункер, речиси ги запали претседателот на Руанда и неговата сопруга

Жан-Клод Јункер (65), претседател на Европската комисија, предизвика нов скандал минатата недела. За време на одбележувањето на геноцидот во кој беа убиени 800.000 луѓе, Јункер речиси ги запали првата дама на Руанда, Жанет Кагаме (56), и нејзиниот сопруг Пол Кагаме (61). Јункер и другите присутни добија факли, кои симболично ги запалија. Јункер потоа се свртел за да ѝ го предаде факелот на помошничката и притоа речиси ги изгорел по лицето претседателот и неговата сопруга. За среќа, тие успеале да се тргнат во последен момент, пишува „Дејли мејл“.
Камерите во последно време сè почесто го бележат необичното однесување на претседателот на Европската комисија. Така, во јули минатата година се појави снимка снимена пред работната вечера, која ги собра лидерите на НАТО на самитот.
На снимката се гледа Јункер кој одвај одржува рамнотежа и присутните му помагаат да остане на нозе. Јункер подоцна изјави дека не бил пијан, туку бил фатен во половината од ишијас. Потоа, во октомври истата година, ја имитира британската премиерка Тереза Меј и танцуваше на сцената.
Исто така, во декември минатата година Јункер фрлаше хартија на подот, ѝ ја мазнеше косата на една жена, мавташе, се сопнуваше, гушкаше и бакнуваше.
Во февруари оваа година среде говорот се јави на мобилниот телефон. Неговата сопруга го повика, па Јункер се оправдуваше дека морал да одговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.