Свет
(Видео) Обилни снежни врнежи во Турција, затворени училишта

Поради снежни врнежи и други неповолни временски услови, наставата е прекината во 20 од вкупно 81 провинција во Турција и во одредени области во пет провинции, јавува „Си-ен-ен Турк“.
Училиштата денеска ќе бидат затворени поради снежни врнежи, снежни виулици, мраз и невреме во Самсун, Кајсери, Нигде, Невшехир, Болу, Гумушане, Бајбурти, Јозгат, Токат, Сивас, Кахраманмарас, Ерзинџан, Киршехир, Кастамон, Караман, Малатија и други провинции, пренесува медиумот.
🌈🌎👉On (24.11.2024) Vehicles Are Covered With Snow on the Road Konya – Afyon in Turkey. Un Expected Snow Falling From the History. Everything Has Covered With White Sheet. pic.twitter.com/H2tMmjncgl
— 🦅Global Climate Crises🦅 (@champion777_) November 25, 2024
Поради врнежи од снег и мраз, училиштата ќе бидат затворени во некои делови на уште пет провинции, а раководството на одредени области одлучи утре да ја прекине наставата.
Во провинцијата Малатија, на истокот од земјата, од снежните наноси на патиштата спасени се 787 граѓани, јавува „Танјуг“.
Во областа Хекимхан спасени се пет овчари, кои на планината беа покриени со снег, но еден од нив подоцна почина во болница. Работите на расчистување на патиштата и спасување граѓани продолжуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се стравува од повредени

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:54 часот во Индонезија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Во Мјанмар минатата недела беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.
Свет
Премиерот на Гренланд: Со нетрпение ја очекувам посетата на данската премиерка

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен денеска изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на данската премиерка Мете Фредериксен во среда.
Нилсен рече дека Гренланд долго време ја посакувал оваа посета, објави Ројтерс.
Тој во неделата рече дека САД нема да го добијат Гренланд, одговарајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.