Свет
(Видео) Објавено видео од падот на жичницата во Италија кога загинаа 14 луѓе

Италијанските медиуми објавија видео снимка од паѓањето на жичницата, при што загинаа 14 луѓе. Во несреќата, што се случи во мај, преживеа само 5-гдишно дете.
Видеото од надѕорните камери трае 19 секунди и може да се види како кабината од жичницата нормално се искачува. По достигнувањето на врвот, кога треба да се поврзе со станицата, кабината нагло се движи надолу и конечно се одделува од јажето и паѓа на земја.
Al Tg3 un documento esclusivo della cabina della funivia del Mottarone, prima della caduta, agli atti dell'inchiesta sul disastro costato la vita a 14 persone. Le immagini per il loro contenuto potrebbero urtare la sensibilità di alcuni pic.twitter.com/en6MHCfS00
— Tg3 (@Tg3web) June 16, 2021
Петгодишното момче е единствениот патник кој ја преживеа несреќата. Другите 14 патници кои го загубија животот се неговите родители, двегодишниот брат, прадедо и прабаба.
Неколку службеници на компанијата што работи со жичницата се гонат под сомнение дека намерно ја деактивирале единицата за сопирање во итни случаи, која требаше да ја блокира кабината кога пукнал кабелот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трудо: Војната на Русија во Украина е војна против демократијата, вистината и правдата

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо денеска изјави дека руската војна против Украина претставува „војна против нашиот начин на живот, војна против демократијата, против владеењето на правото и самоопределувањето, војна против правдата, војна против вистината“.
Зборувајќи во Киев на третата годишнина од почетокот на војната, Трудо ги осуди, како што ги нарече, „гнасните воени злосторства“ на Русија, пишува „Гардијан“.
„Украинците ги загубија животите борејќи се храбро за својата земја, децата беа одземени од нивните семејства, домови и заедници, што е грозоморно воено злосторство“, рече тој. Трудо додаде дека воените заробеници биле изложени на насилство од страна на руските војници.
„Украинците ќе триумфираат затоа што Украинците се борат за она што е исправно, но тие не можат и не треба да го направат тоа сами“, рече Трудо. Вкупно 37 државни лидери ќе учествуваат на самитот во Киев, кој украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече „пресвртница“, од кои 13 ќе присуствуваат лично, а 24 преку видео врска, според УНИАН.
Свет
Путин телефонски го информирал кинескиот претседател за преговорите со САД

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин, јави кинеската државна телевизија CCTV.
Како што се наведува, разговорот бил воден на иницијатива на руската страна.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно најави дека рускиот претседател денеска ќе оствари меѓународен телефонски разговор во контекст на информирање на руските партнери за преговорите со САД во Ријад.
„Минатата недела претседателот зборуваше за неговата намера да информира голем број земји-партнери за контактите со Американците. Според тоа, овој процес започна денеска“, изјави Песков за новинарите.
Свет
Зеленски повикува на вистински и траен мир во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика денеска во Киев да се воспостави „вистински и траен мир“ оваа година, за време на состанокот организиран во Киев по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.
„Оваа година треба да биде година на почеток на вистински и траен мир“, рече Зеленски, претседавајќи со состанокот во Киев со десетина западни лидери кои дојдоа да ја изразат својата поддршка за Украина.
Додека се одржува состанокот, ширум Украина е издадено предупредување за воздушен напад.
„Ракетна закана на целата територија на Украина“, соопшти украинското воздухопловство, додавајќи дека полетал руски авион МиГ-31 кој носел ракети.