Свет
(Видео) „Ова е невидено, не можеме да продолжиме да работиме“: бран брутални грабежи ја пустошат Америка
Америка моментно се соочува со огромен бран насилни грабежи, кои ги оштетија најголемите трговски синџири во САД за дури 112 милијарди долари.
Во масовните насилни кражби работниците во продавниците беа претепани, а некои беа и убиени, поради што многу продавници ангажираа дополнителни чувари за да го заштитат својот персонал.
This is downtown Philadelphia last night.
Rioting and looting have become the norm in major US cities.
Meanwhile, cities across Poland are safe, clean and livable.
Yet another reason to move back to Poland. 🇵🇱
— Dominik Andrzejczuk (🇵🇱,🇺🇸) (@QuantumDom) September 27, 2023
Организираните банди повеќепати беа фатени на камери како упаѓаат во продавници, грабнуваат стока од полиците и потоа бегаат.
Некои од масовните грабежи се организирани на социјалните мрежи. Едната беше организирана од Даџија Блеквел, која на социјалните мрежи го носи прекарот Метбол. Таа пренесуваше во живо грабеж на продавница во центарот на Филаделфија.
По грабежот, Метбол објави видео за своите 650.000 следбеници на „Инстаграм“ и „Тик-ток“, во кое детаљно го опиша својот поход.
„Кажете ѝ на полицијата дека ќе ме затворат вечерва или ќе ме запалат, тоа ќе биде како на филм“, рече таа во видеото и потоа беше уапсена.
🚨Just in: Apple and many stores in Philadelphia being looted. Philly is fallen! #Philadelphia #PA #looting pic.twitter.com/hnfpAJhvIp
— Stay Frosty 🇺🇲 (@brewdoggy) September 27, 2023
„Таргет“, еден од најголемите американски трговци на мало, рече дека поради овие причини ги затвора продавниците во големите градови, вклучувајќи ги Њујорк, Сиетл, Сан Франциско и Портланд.
„Не можеме да продолжиме со работа на овие продавници бидејќи кражбите и организираниот криминал ја загрозуваат безбедноста на нашиот тим и на гостите и придонесуваат за неодржлив бизнис“, се наведува во соопштението.
Во Сан Франциско голем број големи синџири неодамна ги затворија продавниците во центарот на градот.
🚨#BREAKING: All philly liquor stores have been closed today after at least 18 were broken after last night’s mass looting in Philadelphia pic.twitter.com/0Btz2jASv2
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) September 27, 2023
Градоначалникот на Оукленд, Шенг Тао, рече дека ги разбира предизвиците со кои се соочува „Таргет“ во градовите во целата земја и дека е разочаран од веста за неговото затворање.
„Мојата цел е да продолжам да работам заедно со членовите на бизнис-заедницата за да ја осигурам нивната безбедност, но и успех во нашиот град“, рече тој.
Дејвид Џонстон, потпретседател на Националната федерација за малопродажба, рече дека најголемите бизниси во земјата и семејните продавници еднакво се борат со бранот криминал.
„Трговците на мало гледаат невидено ниво на кражби. Ситуацијата се влошува. Далеку од финансиското влијание на овие злосторства, насилството и безбедносните грижи остануваат приоритет за сите трговци на мало, без оглед на големината или категоријата“, рече тој.
Law enforcement finally steps in to stop the looting. This was Philly tonight:
— End Wokeness (@EndWokeness) September 27, 2023
Извештајот на Националната федерација за малопродажба, во кој беа анкетирани 177 претставници на трговски синџири, кои претставуваат повеќе од 97.000 продавници во САД, покажа дека трговците на мало се соочуваат со сè понасилни крадци.
Речиси девет од десет изјавиле дека крадците се „многу поагресивни и понасилни во споредба со минатата година“.
Компаниите, кои конкретно го следат бројот на насилни кражби во продавници, пријавија просечен пораст од 35 проценти. Како одговор, трговците на мало ја зголемија безбедноста, го намалија работното време и на крајот ги затворија продавниците.
Лос Анџелес беше областа најмногу погодена од организираниот криминал на мало во земјата во 2022 година, соопшти Националната федерација за малопродажба, а потоа следуваат Сан Франциско и Оукланд, исто така во Калифорнија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

