Свет
(Видео) Огномет предизвика страшен пожар на свадба во Ирак, најмалку 100 мртви
Најмалку сто лица загинаа, а 150 се повредени во пожар на свадбена прослава во областа Хамданија во ирачката провинција Ниневија, објавија рано утринава ирачките државни медиуми, пренесува „Ројтерс“.
Локалните извори посочуваат дека бројот на жртви може да биде поголем.
#BREAKING #Iraq One hundred people were killed at a wedding in a fire in northern Iraq, and another 150 were injured. pic.twitter.com/MXXEB8VAt6
— The National Independent (@NationalIndNews) September 26, 2023
Според објавата на ирачката Црвена полумесечина на X, поранешен „Твитер“, независна организација за хуманитарна помош во Ирак, бројот на загинатите е многу поголем.
Iraq- At least 100 people have died and 150 others injured after a fire broke out at a wedding in northern Iraq🥲
Early reports say it broke out after fireworks were lit.-BBC #IraqWeddingFire #Pray #RIP 🙏pic.twitter.com/FR7IjelZji— Sri Lanka Tweet 🇱🇰 (@SriLankaTweet) September 27, 2023
Наџим ал-Џубури, гувернер на провинцијата Ниневија, каде што избувна пожарот, претходно изјави дека сè уште нема конечен биланс на загинати, што укажува на тоа дека бројот на жртвите може да продолжи да расте. Заменик-гувернерот на Ниневија, Хасан ал-Алак, исто така претходно изјави за „Ројтерс“ дека е потврдена смртта на 113 лица.
🚨 BREAKING: More than 500 injured, 100 killed in wedding hall fire in Iraq. pic.twitter.com/GnHCXjtehG
— {Matt} $XRPatriot (@matttttt187) September 27, 2023
Пожарот, соопшти локалната цивилна одбрана, ја зафатил големата сала, во која се одржувала венчавката кога за време на прославата бил запален огномет. Видеото од местото на настанот на дописникот на „Ројтерс“ покажува како пожарникари се искачуваат над изгорената зграда во потрага по преживеани.
الهلال الاحمر العراقي : ارتفاع عدد الضحايا والمصابين الى اكثر من ٤٥٠ شخصا جراء حريق قاعة اعراس في قضاء الحمدانية شرقي الموصل pic.twitter.com/f2FjLil9rw
— الهلال الاحمر العراقي (@iraqircs) September 27, 2023
Првичните информации покажуваат дека зградата била направена од високозапаливи градежни материјали, што придонело за негово брзо уривање, објавија ирачките државни медиуми. Според официјалните изјави, ирачките федерални власти и властите во полуавтономниот регион Курдистан во Ирак испратиле амбулантни возила и медицински тимови на местото на трагедијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Штрајкот во Лувр привремено прекинат
Вработените во Музејот Лувр во Париз гласаа за прекин на штрајкот што започна поради платите и условите за работа, иако нивните барања остануваат, изјавија претставници на синдикатот.
„На општ состанок одржан денес, вработените во Музејот Лувр едногласно одлучија да го прекинат штрајкот за да му се овозможи на музејот да се отвори и да прима посетители“, се вели во соопштението на синдикатот CFDT-Culture.
Музејот беше целосно затворен во понеделникот бидејќи вработените започнаа штрајк, а делумно е повторно отворен од средата. Музејот во вторник и онака не работи.
Синдикатите изјавија дека го осудуваат „недостатокот на конкретни одговори во врска со безбедносниот план на музејот и иднината на институцијата, во клима на влошување на инфраструктурата и влошување на условите за работа“.
Тие, исто така, изразија жалење за „молчењето на директорот на музејот, кој ниту се сретнал со вработените, ниту дал изјава“.
Закажан е нов состанок за 5 јануари за продолжување на започнатиот притисок, доколку не пристигнат очекуваните одговори.
Свет
Данска ја обвини Русија за сајбер-напади врз инфраструктура и веб-страници
Данските власти објавија извештај на воената разузнавачка служба, во кој се наведува дека Русија извршила сајбер-напади врз инфраструктура и веб-страници во таа земја во текот на 2024 и 2025 година, а се откриваат и нови случаи, кои претходно не биле пријавени, објавува денес „Асошиетед прес“.
Според извештајот, Москва е одговорна за деструктивните сајбер-напади врз данската компанија за вода во 2024 година, како и за серија напади врз данските веб-страници пред регионалните и локалните избори минатиот месец.
Данската разузнавачка служба додаде дека овие напади се дел од хибридната војна на Русија против Западот и претставуваат обид за предизвикување нестабилност.
Се вели дека сајбер-нападите на Москва се дел од поширока кампања за заканување и казнување на земјите што ја поддржуваат Украина.
Западните претставници наведуваат дека има сè повеќе инциденти во рамките на саботажната кампања во цела Европа зад која стои Русија.
Според „Асошиетед прес“, документирани се 147 вакви инциденти, вклучувајќи два случаја пријавени од Данска оваа недела.
„Руската држава користи и групи и поединци како инструменти на хибридна војна против Западот, а целта е да предизвика нестабилност и да ги таргетира земјите што ја поддржуваат Украина“, се вели во извештајот на данската разузнавачка служба.
Германските власти го повикаа рускиот амбасадор во Берлин на 12 декември откога Министерството за надворешни работи на земјата ја обвини Москва за саботажа, сајбер-напади и мешање во изборите, потсетува „Асошиетед прес“.
Како што изјави портпаролот на Министерството, Мартин Гизе, меѓу овие напади е и нападот врз германската контрола на воздушниот сообраќај во текот на 2024 година.
Фото: депозитфотос
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос

