Свет
(Видео) Одете дома, не сакаме никого да повредиме – талибанците со повик до луѓето на аеродромот во Кабул
Талибанците ја повикаа толпата што чека пред аеродромот во Кабул со надеж дека ќе избега од земјата да се разотидат и да си заминат дома, велејќи дека не сакаат да повредат никого.
Во меѓувреме, САД и другите западни сили продолжуваат да ги евакуираат своите граѓани и некои Авганистанци, а остатокот од земјата чека да види дали неодамнешниот ден на независноста на државата ќе предизвика повеќе антиталибански протести, пренесуваат светските медиуми.
Во средата некои луѓе беа спречени да влезат на аеродромот, рекоа очевидци. „Пукаа во воздух, ги туркаа, ги тепаа ударајќи ги со пушките“, вели очевидец.
Horrific video: people including women with kids running for life as US troops firing from different sides of the Kabul Airport pic.twitter.com/2QDMptHAFU
— The Bite (@_TheBite) August 19, 2021
Кабул е релативно мирен откако талибанците ја презедоа власта, но оттогаш ситуацијата на аеродромот е хаотична, проценуваат во своите натписи агенциите.
Дванаесет луѓе го загубија животот на аеродромот и околу него од неделата. Некои беа убиени од куршуми, некои од стампедо, изјавил талибански претставник.
Тој ги повикал луѓето кои немаат законско право да патуваат да си одат дома. „Не сакаме да повредиме никого на аеродром.
Околу 8.000 луѓе се евакуирани од земјата од неделата, изјави неименуван западен претставник. Американската војска има контрола врз аеродромот, но талибанците патролираат надвор од нејзиниот безбедносен простор.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека американските сили ќе останат додека не заврши евакуацијата на Американците, дури и ако тоа значи кршење на рокот за целосно повлекување на 31 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Портпаролката на Европската комисија за оценките на Трамп: Задоволни сме што имаме одлични лидери
Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Паула Пињо, денес изјави дека Европската унија е задоволна и благодарна што има одлични лидери.
Паула Пињо одговори на прашањето на бриселскиот портал „Политико“ за интервјуто на американскиот претседател Доналд Трамп, кој даде остра оценка за европските лидери, нарекувајќи ги „слаби“.
„Многу сме задоволни и благодарни што имаме одлични лидери, почнувајќи од лидерката, претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, на која сме навистина горди, која може да нè води во многуте предизвици со кои се соочува светот“, рече Паула Пињо.
Портпаролката на ЕК, исто така, ги пофали како што рече „многу други лидери на чело на 27-те земји-членки кои се дел од тој европски проект, тој мировен проект, кои ја водат ЕУ со сите предизвици со кои се соочува, од трговија до војна во соседството“.
„Затоа, дозволете ми да ја искористам можноста да го повторам она што многу од милионите граѓани во ЕУ мислат: Ние сме горди на нашите лидери“, додаде Паула Пињо.
Американскиот претседател оцени дека Европејците се слаби и дека Русија е во позиција на сила во војната во Украина.
„Мислам дека тие (Европејците) се слаби, но исто така мислам дека сакаат да бидат политички коректни. Не мислам дека знаат што да прават“, рече Трамп во интервју емитувано денес за „Политико“.
Американскиот претседател верува дека Русија е во позиција на сила во војната во Украина и ги обвини европските лидери за „неактивност“, а во исто време наведе дека верува оти имиграцијата ја загрозува одржливоста на неколку европски земји.
Американскиот претседател обвини неколку европски влади дека им дозволуваат на милиони луѓе да влезат во Европа, осудувајќи ги „катастрофалните“ имиграциски политики кои наводно ги трансформирале градовите како Париз, Лондон и Стокхолм.
Трамп рече дека Европа е во опаѓање затоа што ја водат слаби лидери.
Фото: депозитфотос
Свет
Сијарто: Поради корупцијата во Брисел, ЕУ не го истражува скандалот со „паричникот“ на Зеленски
Нивото на корупција во Брисел објаснува зошто Европската Унија не го истражува скандалот со „паричникот“ на Володимир Зеленски во Украина, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Корупцијата во Брисел е објаснувањето зошто Европската Унија не го покрена прашањето за корупцијата во Киев“, рече Сијарто во интервју за „Раша тудеј“.
Тој додаде дека европските претставници кои неодамна беа уапсени под сомнение за корупција, вклучувајќи ја и поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, ја обвинија Будимпешта за кршење на владеењето на правото.
Сијарто додаде дека верува оти Европа станала многу помалку безбедно и конкурентно место под водство на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Таа предизвика поголема штета на Европската Унија од кој било друг“, рече Сијарто во интервју објавено од РИА Новости.
На почетокот на декември, белгиската полиција изврши рација во канцелариите на Европскиот колеџ и Министерството за надворешни работи на ЕУ во Брисел, а службениците за спроведување на законот ги приведоа, испрашаа, а потоа ги ослободија поранешната шефица за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, директорот на Министерството за надворешни работи на ЕУ, Стефано Санин, и уште еден сегашен функционер.
Тие се осомничени за измама поврзана со финансирањето на образовна институција, а против нив сè уште не се поднесени обвиненија, објавува РИА Новости.
На 10 ноември, во Украина беше започната голема операција за откривање на корупциски шеми во енергетскиот сектор, за време на која беа извршени претреси во становите на сегашни функционери и раководители на енергетски компании.
Фото: депозитфотос
Свет
Шестгодишно девојче почина по несреќа во забавен парк во Флорида
Шестгодишно девојче почина по несреќа со картинг во забавен парк во Флорида, потврди полицијата. Трагедијата се случила воикендот во Паркот за трамболини и авантури „Урбан Ер“ во Порт Сент Луси, објави ABC News.
Службите за итни случаи биле повикани во паркот кратко пред 21 часот поради несреќа со картинг во која учествувало дете. Девојчето било префрлено со хеликоптер во болница во Форт Пирс, но им подлегнало на повредите во неделата, соопшти полициската управа на Порт Сент Луси.
„Детективите активно ги истражуваат околностите што довеле до инцидентот“, соопшти полицијата. Портпаролот на полицијата додаде дека извештајот сè уште се чека. Поради тековната истрага, полицијата не објавила дополнителни детали за несреќата, вклучително и природата на повредите. Известена е и Администрацијата за безбедност и здравје при работа (OSHA), како што е пропишано со закон.
Портпаролот на „Урбан Ер“ изјави за ABC, WPBF, дека тие соработуваат со државните и локалните власти. „Срцата ни се скршени од трагичниот инцидент што се случи во нашиот парк во Порт Сент Луси за време на викендот. Нашето најдлабоко сочувство е до семејството и најблиските на детето“, рече портпаролот.
„Нашите политики, процедури и опрема се дизајнирани да ги заштитат децата и семејствата, а благосостојбата на децата и семејствата на кои им служиме е секогаш наш врвен приоритет. Локацијата е затворена додека се фокусираме на поддршка на истрагата и на тоа да ги имаме во мислите сите погодени од оваа ужасна трагедија“, се додава во соопштението.
Фото: депозитфотос

