Свет
(Видео) Од страв од нереди во изборната ноќ во САД, сопствениците ставаат огради на продавниците
Поради протести, кои се очекуваат по утрешните избори во САД, сопствениците на продавници во Вашингтон ги обезбедуваат излозите стравувајќи од нереди во изборната ноќ.
На фотографиите што се појавија на социјалните мрежи може да се видат сопствениците како поставуваат дрвени огради и заштита на излозите на своите продавници.
HAPPENING NOW: Downtown Businesses in Monument Circle are BOARDING UP ahead of potential unrest following tomorrows election. pic.twitter.com/3KYiiwvVFV
— Darius Johnson (@DariusJohnsonTV) November 2, 2020
Во меѓувреме, од Белата куќа соопштија дека подготвуваат нова ограда, на која никој нема да може да се качува, пренесуваат американските медиуми.
На американските председателски избори веќе гласале повеќе од 95 милиони Американци, што е потенцијално најголем одѕив на американските избори во современото време, објави изборниот проект на САД од Универзитетот „Флорида“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

