Свет
(Видео) Ортодоксни Евреи ги нападнаа феминистките кај Ѕидот на плачот
Илјадници ортодоксни Евреи се обидоа да ја спречат молитвата на феминистките од здружението „Нешот хакотел“ кај Ѕидот на плачот, организирана по повод Меѓународниот ден на жената.
Две жени беа повредени во конфликтот, кажаа од „Нешот хакотел“. Израелската полиција не го потврди тоа, туку кажа само дека имало „напнатост” и „колнење”.
Кога ги одвоиле, жените продолжиле да се молат во јужниот дел на ѕидот, каде што сите имаат право на молитва. Церемонијата беше организирана по повод 30-годишнината од основањето на „Нешот хакотел“.
Според весникот „Хаарец“, илјадници ултраортодоксни млади луѓе ги нападнале жените плукајќи на нив, заканувајќи им се и физички напаѓајќи ги.
„Нешот хакотел“ е феминистичка организација чија цел е да им се даде на жените право да се молат нa Sидот на плачот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко: Следува нуклеарна апокалипса, третата светска војна мора да се спречи
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека не треба да се дозволи да избие трета светска војна, бидејќи во спротивно нуклеарна апокалипса е неизбежна.
„Треба да направиме се за да ја спречиме третата светска војна. Во спротивно, нуклеарна апокалипса е неизбежна. Затоа сите треба да се обединиме“, рече Лукашенко на церемонијата на положување цвеќе на Споменикот на победата како дел од патриотската кампања „Белорусија се сеќава“ во Минск.
Тој посочи дека човештвото веќе еднаш во својата историја успеа да се обедини против општото зло, што доведе до победа.
Во исто време, Лукашенко додаде дека колективниот Запад, исто како и пред почетокот на Втората светска војна, е подготвен да се реши од секое зло заради зачувување на доминацијата и личниот профит.
По повод заедничките воени вежби меѓу Москва и Минск за употреба на тактичко нуклеарно оружје, Лукашенко изјави дека Русија и Белорусија немаат намера никого да нападнат.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Белорусија ќе и се придружи на Русија во втората фаза од вежбите за тестирање на употреба на нестратешко нуклеарно оружје.
Регион
Земјотрес во Србија
Жителите на Нови Пазар утрово ги разбуди слаб земјотрес, известуваат медиумите во Србија.
Јачината на земјотресот е 2,5 степена според Рихтеровата скала, а е регистриран во 7.37 часот.
Се проценува дека интензитетот на ударот во епицентарот е III-IV од Меркалиевата скала.
Свет
Генералното собрание на ОН би требало да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство
Генералното собрание на Обединетите нации денеска треба да ја поддржи палестинската кандидатура за полноправно членство во ОН со тоа што ќе ја признае како квалификувана за членство и ќе го испрати барањето назад до Советот за безбедност на ОН „да го преиспита прашањето во корист на Палестинците“.
Палестинците ја оживуваат својата кандидатура за полноправно членство во ОН, кое декларативно би ја признало палестинската држава, откако САД ставија вето во 15-члениот Совет за безбедност на ОН минатиот месец.
Гласањето на Генералното собрание од 193 члена се смета за испитување на светското мислење за палестинското прашање. Барањето за полноправно членство во ОН прво мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа и од Генералното собрание.
Но, иако самото Генерално собрание не може да даде полноправно членство во ОН, нацрт-резолуцијата за која се гласа денеска ќе им даде на Палестинците некои дополнителни права и привилегии од септември 2024 година, како што е место меѓу членките на ОН во собраниската сала, но тие нема да имаат право на глас во телото.
Дипломатите велат дека нацрт-текстот најверојатно ќе ја добие поддршката потребна за усвојување.