Свет
(Видео) Ослободена заложничка објасни зошто се смеела кога била киднапирана од Хамас
За време на бруталниот напад врз Израел на 7 октомври, терористите на Хамас убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапираа повеќе од 200. Меѓу киднапираните цивили беше и 85-годишната Јафа Адар.
Таа беше ослободена за време на размената на заложници за палестинските затвореници, а сега ја раскажа својата приказна за заробеништво во Газа. Снимката од разговорот со храбрата баба ја објави израелското Министерство за надворешни работи.
Hero: Yaffa Adar (85) was kidnapped by Hamas terrorists on October 7th.
The terrorists filmed the kidnapping and circulated videos of her online.
Yaffa who knew her children and grandchildren would see the videos smiled so they would not be afraid.
“I won’t let them break… pic.twitter.com/PNYv8jYSGx
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) December 15, 2023
За време на киднапирањето, членовите на Хамас се пофалија со видеото од злосторството на социјалните мрежи. На видеото се гледа Јафа Адар насмеана како седи меѓу членовите на Хамас во автомобилот со кој ја возеле до Газа.
„Не сакав да им го дадам задоволството да видат дека се плашам. Нема да дозволам да ме скршат. Сакам моите деца и внуци, кога ќе го видат видеото, да се гордеат со мене. Не пуштив ниту една солза“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Конфликтот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги постигне своите цели
Конфликтот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги постигне целите поставени за време на Специјалната воена операција, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Секако, би сакале овој конфликт да заврши што е можно поскоро, а може да заврши кога Русија ќе ги постигне целите што првично ги постави. Ние би претпочитале да го решиме овој конфликт преку политички и дипломатски средства. Разговаравме за ова многу пати и руската страна останува отворена за овој пат“, изјави Песков пред новинарите, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека Русија е отворена за политичко и дипломатско решение во Украина и дека ситуацијата е во ќорсокак, не по нејзина вина. „Европејците ги охрабруваат на секој можен начин, верувајќи дека Украина може да ја добие војната и да ги обезбеди своите интереси со воени средства“, истакна Песков.
Според него, верувањето дека Украина може да победи на бојното поле е длабока заблуда.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Свет
Туск: Не повикувам на војна со Русија затоа што веќе сме во неа
Русија веќе е во војна со Европа и далеку порафинирана од претходно, вели полскиот премиер, Доналд Туск.
„Испраќањето мамки-дронови е исто така чин на непријателство, односно чин на агресија. Војната што Русија ја води против нас е многу пософистицирана од претходно. Виктор Орбан вели дека Туск сака војна, но таа војна веќе е во тек“, рече Туск во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“.
Тој предупреди дека руските напади во Европа ќе стануваат сè почести, како што се упади на беспилотни летала или авиони во воздушниот простор на европските земји, палежи, агресивни кибер-напади или организирање нелегална миграција на границата на Белорусија со Европската Унија (ЕУ), што, според него, се манифестации на војната што Русија веќе ја води во Полска.
„Бидејќи војната што Русија му ја објави на Западот се одвива и во нашите општества, и тоа на најспектакуларен начин. Путин има алатки што може да ја скршат ЕУ како организација, но и Европа како културен феномен. Тие алатки се руските петти колони во секоја европска земја“, рече Туск, пренесува „Бета“.
Полскиот премиер додаде дека за неговата земја, навлегувањето повеќе од 20 руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор кон средината на септември беше пресвртница во хибридната војна на Русија.
„Генералите беа свесни дека се одговорни за одбраната на земјата и дека ние ќе им дадеме целосна политичка поддршка. Тоа беше пресвртница. Не беше лесно бидејќи никој не сака ненамерно да предизвика светска војна, но не се сомневаме дека попуштањето и толерирањето на провокациите не водат до ништо добро“, рече Туск.
Тој предупреди дека, иако разбира дека многу Полјаци се веќе уморни од присуството на украински воени бегалци и фактот дека на Украина ѝ се помага, геополитичката иднина на Полска сè уште зависи од тоа дали ќе преживее суверена независна Украина.
„Слушам прашања за тоа какви придобивки имаме од помагањето на Украина. Како? Па само од доаѓањето толку многу украински семејства во Полска имаме повеќе придобивки отколку штета. Дури и ако понекогаш е заморно. Геополитичката иднина на Полска ќе изгледа навистина добро ако Украина не биде поразена и ако успееме да го надминеме ова историско полско-украинско непријателство“, рече Туск.
Тој додаде дека е неопходно да ѝ се помогне на Украина да се одбрани од руската агресија.
„Ако Украина ја изгуби војната, позицијата на Полска радикално би се влошила. Сепак, јас сум умерен оптимист. Нема објективна причина зошто Украина треба да претрпи пораз во војната“, рече Туск.
Фото; притнтскрин

