Свет
(Видео) Парагвајската полиција го уапси легендарниот Роналдињо

Познатиот бразилски фудбалер Роналдињо е уапсен во Парагвај поради наводно користење лажна документација за влез во таа јужноамериканска земја.
Како што пренесуваат светските медиуми, славниот 39-годишник, кој во 2002 година со Бразил го освои Светското превенство, бил уапсен синоќа заедно со брат му Роберт.
Во хотелот во кој престојувале наводно биле пронајдени парагвајски пасоши со нивните имиња.
Роналдињо во моментот е без бразилски пасош поради еколошка казна што ја добил во 2018 година.
Поранешниот ас на Барселона е осуден од локалното Министерство за животна средина за изградба на платформа за риболов и пристаниште за чамци без дозвола на реката Гваиба во Порто Алегре.
Бидејќи Роналдињо не ja плати милионската казна, му беше забрането да ја напушта земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Новинарите го прашаа Трамп дали неговите мировни напори ќе го однесат во рајот: „Не сум сигурен“

Пред слетувањето во Израел, американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите во „Ер Форс Уан“ дека „сите сакаат да бидат дел од мирот“.
„Ќе ги направиме сите среќни“, рече тој. „Без разлика дали се Евреи, муслимани, арапски земји – секоја земја танцува на улиците. Ова е момент што не мислам дека некогаш повторно ќе го видиме“.
Трамп додаде дека верува оти прекинот на огнот ќе трае, наведувајќи „многу причини“ за тоа. „Тоа трае со векови, не само во последниве години, туку со векови. Мислам дека луѓето се уморни од тоа. Прекинот на огнот ќе се одржи“, рече тој.
„Сите ќе се однесуваат добро“, додаде тој. „Го направив животот подобар за многу луѓе“, кажа Трамп.
Додека траеше ослободувањето на заложниците, Трамп беше прашан во авионот дали мисли дека неговите мировни напори ќе го однесат во рајот. „Не мислам дека има нешто што ќе ме однесе во рајот“, се пошегува тој.
„Можеби не сум создаден за рајот. Можеби веќе сум во рајот сега, бидејќи летаме со Air Force One. Не сум сигурен дали ќе стигнам до рајот, но го направив животот многу подобар за многу луѓе.“
„Сега изгледа како градилиште, но ќе биде прекрасно со текот на годините.“, рече Трамп за иднината на Газа.
На прашањето на новинарите за неговата претходна идеја да ја претвори Газа во „ривиера“, Трамп рече дека тоа нема да биде можно некое време, истакнувајќи дека градот е целосно уништен.
„Срушен е, изгледа како градилиште по рушење. Мора да се ослободите од она што е таму сега“, рече тој, осврнувајќи се на уништените и срамнети со земја згради во Газа.
На прашањето како ја гледа Газа за една година, Трамп одговори: „Една година е кратко време, но со текот на времето ќе изгледа многу добро.“ Тој исто така рече дека би сакал да ја посети Газа.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видео врска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија денес израелските медиуми, а снимки од разговорите циркулираат и на социјалните медиуми.
All morning video call recordings that Hamas allowed the hostages to make to their families are part of its propaganda campaign- to present itself to the world as if it were a humanitarian organization.
That is exactly why it was so important to them to demand that the families… pic.twitter.com/46SJMjo6FC— יוסף חדאד – Yoseph Haddad (@YosephHaddad) October 13, 2025
За многу од заложниците, тоа беше нивниот прв контакт со нивните семејства по повеќе од две години заробеништо, за време на кои беа целосно отсечени од надворешниот свет.
Hostages still in Gaza speak with their families over cell phone before being released and transported by Red Cross back home to Israel where they should be reunited with their loved ones within an hour.
Woman holding the phone says, “The war is over!”pic.twitter.com/DhF4WSfbJH
— Paul A. Szypula 🇺🇸 (@Bubblebathgirl) October 13, 2025
Видеата се сметаат за пропаганда на Хамас, дозволувајќи ѝ на исламистичката група да се прикаже како хумана, напишаа корисниците на социјалните мрежи. На некои од видеата, во позадина може да се видат членови на Хамас.
Свет
(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските медиуми. Првите седум заложници беа ослободени рано утрово.
Crowds in the Hostages Square in Tel Aviv cheer joyfully upon the announcement of the hostages' release.
Simply amazing 🩷🥳 pic.twitter.com/ictzZOOpm3
— Cheryl E 🇮🇱🎗️ (@CherylWroteIt) October 13, 2025
Израелската војска исто така потврди дека сите 20 живи заложници сега се предадени од Хамас.
Се очекува телата на 26-те мртви заложници и уште двајца чија судбина е непозната да бидат предадени денес.
За возврат, речиси 2.000 притворени Палестинци и осудени затвореници ќе бидат ослободени.