Свет
(Видео) Париските предградија во пламен четврта ноќ по ред поради наводна полициска бруталност
Немирите во париското предградие Хот-де Сен продолжија четврта ноќ по ред иако локалните префектури известуваат за намалено ниво на насилство во споредба со другите вечери, пренесува „Спутник“.
Протестите во неколку заедници лоцирани во близина на главниот град избувнаа поради инцидент во Вилнев-ла-Гарен помеѓу француската полиција и мотоциклист кој беше тешко повреден откако удри во вратата на полицискиот автомобил, која наводно била отворена намерно.
Encore une nuit de tensions à Villeneuve-la-Garenne #VilleneuveLaGarenne pic.twitter.com/lpEfp0WINX
— Xenia__Sputnik (@XseniaSputnik) April 21, 2020
Во моментот се води истрага за случајот.
Мотоциклистот наводно се здобил со скршеница на ногата откако удрил во полициска врата што била отворена намерно. Надлежните велат дека полицијата ја отворила вратата сакајќи да го запре мотоциклистот кој се движел со голема брзина, но сведоците и видеата од инцидентот сугерираат дека вратата е отворена за да го принуди возачот да запре во чин на полициска бруталност.
#nanterre #emeutes pic.twitter.com/hmItUCfg6w
— Youssraa ? (@youssramstr) April 22, 2020
Најсериозниот инцидент се случи во Женевилие, каде што наводно било запалено основно училиште, оштетувајќи ја канцеларијата на директорот и уште две простории. Во исто време, властите не се сигурни дека пожарот е поврзан со немирите и дека училиштето се наоѓа надвор од подрачјето каде што се случило урбаното насилство.
? FLASH – Il est plus de 3h30.. Incendie d’une voiture dans le quartier du Nouveau-Roubaix. pic.twitter.com/qsW42YSLNO
— INFO Roubaix (@inforbx) April 22, 2020
Како и претходните ноќи, демонстрантите започнаа огномет кај полициските сили распоредени за да ги задушат немирите. Покрај тоа, неколку автомобили беа запалени во департманот Норд во заедниците Лил, Рубе и Туркоин.
„Дејли мејл“ претходно во понеделникот погрешно ги карактеризира полициските судири во Вилнев-ла-Гарен како насочени против сториот режим на ограничено движење , поврзувајќи ги судирите со неодамнешното проширување на мерките за социјално дистанцирање на Емануел Макрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите
Се појавуваат извештаи за илјадници жртви на неодамнешните немири во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од Исламската револуција од 1979 година. Информациите објавени од различни агенции и медиуми значително варираат.
Американската новинска агенција „Human Rights Activists News Agency“ (HRANA), која ги следи протестите во Иран повеќе од 20 години, вели дека најмалку 2.000 луѓе се убиени, од кои 1.850 биле демонстранти. Агенцијата вчера соопшти дека досега идентификувала околу 500 жртви и додаде дека повеќе од 16.000 демонстранти се уапсени.
Од друга страна, „Иран Интернешнл“ проценува дека најмалку 12.000 луѓе се убиени само во протестите на 8 и 9 јануари. Тоа е персиски телевизиски канал со седиште во Велика Британија, поврзан со саудиската влада, и ги базира своите бројки на извори во земјата и медицински податоци.
„Врз основа на достапните податоци и вкрстените проверки на информациите добиени од сигурни извори, вклучувајќи го Врховниот совет за национална безбедност и претседателската канцеларија, првичната проценка на безбедносните институции на Исламската Република е дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во овој национален масакр“, рекоа тие.
Свет
Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа
Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се случи по евентуалниот пад на иранскиот режим. Одговарајќи на прашање од европски дописник, Калас предупреди дека промената на владата не мора да гарантира подобра иднина за земјата.
„Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа“, рече таа.
Во врска со моменталната ситуација во Иран, Калас рече дека исходот е нејасен. „Во моментов е нејасно дали режимот ќе падне или не, јасно е дека протестите се масовни“, рече таа.
„Исто така е јасно дека режимот брутално ги потиснува и убива луѓето за да навистина всади страв во општеството“, додаде таа.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos

