Свет
(Видео) Патнички авион се урна во Калифорнија
Мал патнички авион се урна во градот Ел Кахон во областа Сан Диего во Калифорнија.
Засега не е познат бројот на жртвите.
Авионот се урнал околу 19 часот по локално време и се запалил, јавуваат американските медиуми.
Луѓето се предупредени да го избегнуваат местото на несреќата. Авионот при падот ги уништил електричните кабли, оставајќи стотици жители на овој град без струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Што искористија Русите за да ја нападнат Украина- на интернет се шири снимка од разорна експлозија
На интернет се шири видео од разорна експлозија во Вовчанск, Украина, за која руските блогери тврдат дека е предизвикана од термобаричната бомба ОДАБ-9000, попозната како „Татко на сите бомби“.
Но во подетална анализа таквите тврдења се отфрлени, пишува „Киев пост“. Според медиумот, сепак се чини дека на крајот на краиштата станува збор за термобаричната бомба FOAB-1500.
Russian "Z-bloggers" share this video of a bomb strike on (reportedly) Vovchansk, Kharkiv region.
Some of them say this is an FOAB-9000 (Father Of All Bombs), the most powerful non-nuclear ammunition in the world.
According to other reports, this is a thermobaric FOAB-1500.… pic.twitter.com/3PctLKfWgO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 2, 2024
Според анализите ODAB-9000 е најмоќната руска термобарична бомба, теоретски, дизајнирана да создаде масивен ударен бран кој може да предизвика широко уништување на голема површина. Сепак, тестиран е само еднаш, многу одамна во 2007 година, а начинот на кој се фрла е премногу специфичен за да одговара на оваа ситуација. Исто така, Русите никогаш не го наведоа како дел од својот арсенал, што не би го пропуштиле доколку е вистински употреблив.
Украинскиот специјализиран воен сајт Defence Express појаснува дека оваа бомба во својот оригинален дизајн е фрлена директно над целта, а дека носачите се стратешки бомбардери како Ту-160, Ту-95 или Ту-22М3.
Распоредувањето на такво оружје во сегашните услови е многу малку веројатно бидејќи речиси сигурно ќе доведе до губење на руски бомбардер од украински ракети земја-воздух. Тој би бил забележан.
Најверојатно е дека за време на нападот на Вовчанск била употребена наведувана бомба од класата од 1500 до 3000 килограми, што би сугерирало дека употребеното оружје е поверојатно воден FAB-3000 или помала термобарична бомба ODAB-1500, стои во написите.
Свет
Лондон: два британски борбени авиони одиграа улога во спречувањето на ескалацијата на Блискиот Исток
Велика Британија соопшти дека два нејзини борбени авиони и танкер за полнење гориво „воздух-воздух“ одиграле улога во обидот да се спречи понатамошна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, но дека авионите не погодиле ниту една цел.
„Два борбени авиони Тајфун на кралското воздухопловство и танкер за полнење гориво „Војаџер“ одиграа улога во напорите да се спречи понатамошна ескалација на Блискиот Исток, покажувајќи ја непоколебливата посветеност на Обединетото Кралство за безбедноста на Израел“, соопшти британското Министерство за одбрана, објави Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека поради природата на нападот тие не погодиле ниту една цел, но дека одиграле важна улога во поширокото одвраќање и напорите да се спречи понатамошна ескалација.
Вчера Иран истрела повеќе од 180 балистички ракети кон Израел во време кога ескалираат конфликтите меѓу Израел и либанската група Хезболах, која Иран ја поддржува, пренесува Танјуг.
Свет
Иранскиот претседател до Израел: Доколку ционистичкиот режим не престане со своите злосторства, ќе се соочи со поостри реакции
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска се огласи и рече дека Израел мора „да престане со своите злосторства или ќе се соочи со жестока реакција“.
Пезешкијан зборуваше еден ден откако Иран истрела речиси двесте ракети врз Израел и откако земјата отиде чекор понатаму во конфликтот со Хезболах со испраќање копнени трупи преку границата со Либан.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави одмазда за иранскиот напад.
„Доколку ционистичкиот режим не престане со своите злосторства, ќе се соочи со поостри реакции“, рече Пезешкијан во пресрет на претходно закажаната посета на Катар, пренесуваат државните медиуми.
Пезешкијан, претседател кој важи за поумерен од неговиот претходник, на државната телевизија изјави дека главната цел на неговото патување во Доха е да разговара за билатералните односи меѓу двете земји и да потпише договор со владата на Катар.
Таму ќе учествува и на Самитот на дијалогот за азиска соработка.
„Втората цел е да се разговара за тоа како азиските земји можат да ги спречат израелските злосторства во регионот и да ги спречат непријателите да започнат хаос на Блискиот Исток“, рече тој.