Свет
(Видео) Петчасовна пукотница во Филаделфија, повредени полицајци и уапсен напаѓач

Најмалку шестмина полицајци се повредени во петчасовна пукотница во Филаделфија, соопштија властите. Напаѓачот, кој сокриен пукал на полицајците, е приведен по петчасовна престрелка.
#BREAKING UPDATE: Multiple @phillypolice officers have been shot during an active shooting incident in Nicetown-Tioga section of Philadelphia. Continuing live coverage. https://t.co/LCR4XKxP1y pic.twitter.com/HAVNgggbXR
— NBC10 Philadelphia (@NBCPhiladelphia) August 14, 2019
Инцидентот почнал вчера во 16:30 часот, по локално време.
Специјалните единици биле повикани на местотот на настанот, кога непознат напаѓач испалил десетина куршуми кон полицијата. Полициските службеници ги напуштиле своите возила, ги блокирале околните улици и ги опколиле околните куќи.
#BREAKING: Video shows officers with guns drawn during shooting incident in Philadelphia. MORE INFO: https://t.co/50HPsIxBmD pic.twitter.com/dGrbgJsS1J
— Action News on 6abc (@6abc) August 14, 2019
Според официјални лица, има повредени полицајци, кои итно се пренесени во болница и сè уште не е позната нивната состојба. Од полицијата исто така е соопштено дека еден осомничен е во притвор и дека се продолжува потрагата по други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Голема акција во Израел: планира да врати 150.000 свои државјани во земјата

Израел подготвува воздушен и поморски транспорт за да ги врати дома своите граѓани заглавени во странство по нападот врз Иран во петокот и затворањето на неговиот воздушен простор, објави министерката за транспорт.
„Првиот чекор беше да се испратат сите израелски авиони во странство за да се спречи нивно оштетување, бидејќи тогаш немаше да имаме никакви средства за репатријација на луѓето. Тој чекор е завршен. Следниот чекор е постепено враќање на Израелците“, рече Мири Регев за време на посетата на местото на иранскиот напад во центарот на земјата.
„Има помеѓу 100.000 и 150.000 Израелци во странство“, рече министерката, додавајќи дека нејзината канцеларија отворила морска рута од Кипар и Грција.
Израелската авиокомпанија „Ел Ал“, која објави прекин на сите летови во петокот, во вторникот соопшти дека се подготвува за летови за спасување почнувајќи од среда.
Авионите на „Ел Ал“ ќе полетаат од Ларнака на Кипар, Атина, Рим и Милано во Италија и Париз, рече таа.
Израелскиот нискобуџетен превозник „Аркија“ исто така најави специјални летови почнувајќи од среда за да ги врати Израелците дома. Авионите на „Аркија“ ќе полетаат од Кипар, Грција и Црна Гора, се вели во соопштението.
Израел започнанапад врз Иран на 13 јуни, таргетирајќи стотици воени и нуклеарни цели, со цел, велат властите, да ја спречи земјата да развие атомска бомба. Иран постојано негира каква било таква намера.
Свет
Британскиот министер за одбрана: Единствениот пат до траен мир е дипломатско решение

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, изјави дека влошувањето на безбедносната ситуација на Блискиот Исток претставува опасен момент за целиот регион.
Тој нагласи дека Велика Британија продолжува да го поддржува правото на Израел на безбедност и дека има сериозна загриженост во врска со нуклеарната програма на Иран.
Сепак, Хили повика на воздржаност од сите страни и рече дека единствениот пат до траен мир е дипломатско решение, а не воена ескалација.
Тој додаде дека во регионот пристигнале дополнителни британски воени ресурси, вклучувајќи борбени авиони „Тајфун“ распоредени во RAF Акротири на Кипар, за да го заштитат британскиот воен персонал кој сега е во состојба на висока готовност.
На прашањето дали е загрижен за можноста САД директно да се вклучат во израелските напади врз Иран, со оглед на пристигнувањето на дополнителни американски борбени авиони, Хили одговори дека сегашниот американски претседател Доналд Трамп сè уште ги предводи повиците до Техеран да се согласи на договор.
Тој го опиша зголеменото воено присуство на Велика Британија и САД како порака до Иран дека дипломатскиот пат е единственото решение за сегашната криза.
Свет
Израел со 60 авиони го нападна Иран, убиен новиот началник на Генералштабот

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз иранските ракетни лансери во централен Иран, потврди денес портпаролката на израелската војска, генерал Ефи Дефрин.
„Шеесет борбени авиони учествуваа во напади врз клучни ракетни цели длабоко во Иран“, рече Дефрин.
Таа додаде дека нападите ги принудиле иранските сили да се повлечат кон исток.
„Тие го напуштија западен Иран, но ние ги гониме“, рече таа, додавајќи дека иранската ракетна активност сега е главно концентрирана околу Исфахан.
Израелската војска потврди: Го убивме новиот началник на Генералштабот на Иран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле напади длабоко во Иран, насочени кон нуклеарните, балистичките и командните капацитети на Исламската Република.
„Нападнавме длабоко, ги погодивме нуклеарните, балистичките и командните капацитети на Иран“, изјави Дефрин, на прес-конференција вечерва.
Дефрин, исто така, потврди дека во последниот израелски напад е убиен високиот ирански безбедносен службеник Али Шадмани, како што објави војската во својот оперативен извештај претходно истиот ден.
„ИДФ го елиминираше Али Шадмани, началник на Генералштабот на режимот во воено време. Тој ја држеше позицијата само четири дена пред да ја доживее истата судбина како и неговиот претходник“, рече Дефрин.
Шадмани го наследува генералот Голамали Рашид, кој беше убиен минатата недела во израелски воздушен напад.