Свет
(Видео) Повлечено предупредувањето за цунами на Алјаска, се проценуваат штетите од силниот земјотрес
Повлечено е предупредувањето за цунами што го издадоа властите за населението на јужниот брег на Алјаска кога оваа област претходно беше погодена од силен земјотрес, јавува агенцијата АП.
Претходно, беше објавено дека во утринските часови по локално време, најголемиот град во Алјаска, Енкориџ, бил погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер.
Alaska Earthquake:
– Alaska Governor has issued a declaration of disaster following massive magnitude 7.2 earthquake
– Anchorage Police says there is major infrastructure damage across the area
– Tsunami warning is no longer in effectpic.twitter.com/n4tJwJSIuM— PM Breaking News (@PMBreakingNews) November 30, 2018
Засега нема информации за жртви, но некои медиуми пренесуваат дека гувернерот на сојузната држава издал налог за природна катастрофа, а полицијата во Енкориџ соопштила дека потресот причинил голема материјална штета.
Од земјотресот се треселе зградите, а луѓето побегнале од своите станови и канцеларии, објави „Асошиетед прес“.
На Алјаска секоја година просечно се случуваат околу 40.000 земјотреси, што е повеќе од вкупниот збир на потреси во сите други 49 сојузни држави, додава агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

