Свет
(Видео) Под џамија во Газа пронајден објект за производство на ракети на Хамас, соопшти израелската војска

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека пронашла објект под џамија во населбата Зејтун во градот Газа, што палестинската милитантна група Хамас наводно ја користи за производство на ракети.
„Џамијата во областа Зејтун се користеше како лабораторија за правење оружје“, изјави портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, на прес-конференција, пишува „Тајмс оф Израел“.
Destruction de munitions cachées dans une mosquée, un tunnel autour d’une école et un site militaire d’entrepôts sous-terrains remplis de munitions dans la zone urbaine de Beit Hanoun et Zeitoun. La division 36 de l’armée israélienne au cœur des combats. @i24NEWS_FR pic.twitter.com/oUjNY0Moqu
— Matthias Inbar (@MatthiasInbar) November 20, 2023
Тој додаде дека израелските војници влегле во џамијата за да проверат дали има замки.
Но, според неговите зборови, кога влегле во зградата, нашле тунелско окно и скалила.
„Терористите прават ракети во џамијата. Тие го користат исламот и симболите на исламот за тероризам“, рече Хагари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски вели дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск.
– Нашите сили ги продолжуваат активните одбранбени операции во одредени подрачја на (руските) области Курск и Белгородск, истакна Зеленски.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави Курск е целосно ослободен.
Русија повторно воспостави контрола над Курск. Авантурата на режимот на Киев целосно пропадна, изјави вчера Путин.
Претставници на украинската армија вчера ги демантираа тврдењата на Путин и на Генералштабот на руската армија дека Курск е ослободен.
Свет
Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.
Воздухопловните сили објавија на Телеграм дека украинските сили собориле 66 руски беспилотни летала во текот на ноќта.
Во голем број украински региони е прогласена воздушна опасност поради лансирање руски беспилотни летала, вклучувајќи ги Полтавската и Харковската област, Одеса, Киев, Суми, Чернигов, Днепропетровск и Запорожје
Свет
Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан.
Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера во гробница одвоена помеѓу две капели во римската базилика, по церемонија на жалост одржана во Ватикан. Церемонијата на поставување на ковчегот траеше околу половина час.
На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на папата беше пречекан со ѕвона.
На мисата во Ватикан, според официјалните податоци од Ватикан, присуствуваа околу 250.000 луѓе, како и 170 странски делегации. Меѓу нив имаше шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. Подоцна, италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози изјави дека најмалку 400.000 луѓе присуствувале на погребот на папата Франциск, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим.
Целиот настан го следеа околу 2.700 акредитирани новинари.