Свет
(Видео) Нереди на протестот поради смртта на Афроамериканецот во Минеаполис
Полицијата и демонстрантите повторно, втора ноќ по ред, се судриле во Минеаполис за време на протестот поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина кога го приведувала полицијата.
Полицајците, од кои некои биле на покривите, користеле солзавец, пластични куршуми и гранати за да ги стават под контрола демонстрантите, а учесниците на протестот ја гаѓале полицијата со камења, шишиња со вода и други предмети.
Minneapolis is on Fire…
Stay safe, everybody #GeorgeFloyd pic.twitter.com/7plsoPV1Pb
— Tony Clements (@TonyClementsTC) May 28, 2020
Некои од нив ја гаѓале полицијата со канистери со солзавец, пренесува „Ројтерс“.
Демонстрациите почнале неколку часа откога градоначалникот Џејкоб Фреј го повикал обвинителството да поднесе кривична пријава против полицаецот, кој се гледа на видеото како го држи коленото на вратот на Афроамериканецот во лисици, кој се пожалил дека не може да дише и починал во полицискиот притвор.
Стотици демонстранти, од кои повеќето биле со покриено лице, излегле на улиците околу полициската станица, недалеку од местото каде што бил уапсен Флојд, извикувајќи: „Нема правда, нема мир“ и „Не можам да дишам“, а во текот на ноќта нивниот број се зголемил на илјадници.
Телевизиската снимка, направена од хеликоптер, покажува како десетици луѓе ја ограбуваат продавницата „Таргет“ и излегуваат од неа со облека и колички полни со стока.
Кога се стемнило, во неколку претпријатија избувнал пожар, меѓу кои и во продавница за делови за автомобили, а очевидци велат дека биле подметнати.
Медиумите објавија дека мал протест, кој минал мирно, бил одржан во предградието, пред куќата на еден од полицајците.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави на „Твитер“ дека го повикал Федералното биро за истраги (ФБИ) да ја забрза истрагата додавајќи дека ја цени работата на локалните полициски сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пет големи европски земји: „Сакаме поевропско НАТО“
Франција, Германија, Италија, Полска и Обединетото Кралство најавија дека сакаат да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа преку создавање „поевропски НАТО“. Изјавата беше усвоена по состанокот во Краков, каде министрите за одбрана нагласија дека НАТО останува темел на колективната одбрана, но дека европските земји треба повеќе да придонесуваат.
Петте држави (формат Е5) се обврзаа на дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната со цел спречување евентуална руска агресија и справување со безбедносните закани. Тие повикаа и на „праведна распределба на товарот“ меѓу сојузниците.
Во фокус е и зголемувањето на издвојувањата за одбрана. Полска веќе издвојува 4,48% од БДП, додека Франција, Италија и Шпанија се околу 2%. Прашањето за трошоците ќе биде клучно и на самитот на НАТО во 2025 година во Хаг.
Лидерите нагласија дека секој мировен договор меѓу Украина и Русија мора да биде придружен со „цврсти“ безбедносни гаранции за Киев. Според нив, силна украинска армија е првата гаранција за траен мир, а евентуален прекин на огнот не смее да стане вовед во нова агресија.
Регион
Трамп ги спомена Србија и Косово: Ако не се согласувате, јавете ми се
Набројувајќи ги конфликтите што ги реши во претходниот период, претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанокот на Одборот за мир ги спомена Србија и Косово, велејќи им на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат.
„Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, иако Србија не се приклучи нa Oдборот, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, стана од своето место кога Трамп ја повика.
„Косово, Србија. Јас го направив тоа. Можете ли да станете, ако некој од вас е тука? Само станете на секунда. Косово, Србија, станете! Ви благодарам многу! Го цениме тоа! Одлично, а вие се согласувате. И кога не се согласувате, ме викате и ќе го решиме тоа, нели? Ќе го решиме“, рече Трамп на првиот состанок на Мировниот комитет, јавија српскките медиуми.
Вчера, во Вашингтон се одржа првата седница на Одборот за мир, основан на иницијатива на Трамп, а тоа е тело кое треба да работи на решавање на глобални безбедносни кризи и војни.
Првата задача, како што беше најавено, ќе се однесува на конфликтот во Појасот Газа.
Во јуни 2025 година, американскиот претседател одржа прес-конференција во Хаг на која се пофали со своите достигнувања, за кои верува дека ги постигнал како претседател на Америка.
Еден од примерите што ги наведе Трамп е дека, како што рече, тој спречил потенцијален конфликт меѓу Србија и Косово.
„Србија токму беше на прагот да го стори тоа, но ние го спречивме“, рече Трамп тогаш.
Свет
Мерц: Меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои
Германија мора да се наметне и да преземе поголема одговорност во преобликуваниот светски поредок, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
За време на својот говор на конференцијата на неговата партија, Христијанско-демократската унија (CDU), тој оцени дека меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои, пренесува Ројтерс.
„Ова ќе доведе до создавање нова голема стратегија за Германија во обединета Европа. Покажуваме храброст да ја обликуваме иднината и храброст да се наметнеме“, рече Мерц.
Конгресот на ЦДУ се одржува денес и утре, 21 февруари, и тоа е првиот голем состанок на партијата откако Мерц ја презеде функцијата канцелар во мај минатата година, пренесува Танјуг.

