Свет
(Видео) Пожар во болница во Пекинг, загинаа 29 лица

Пожар избувна во болница во Пекинг вчера околу 13 часот по локално време, при што загинаа најмалку 29 лица.
На видеата што се појавија на социјалните мрежи може да се забележи како излегува чад од неколку болнички прозорци и како луѓето се обидуваат да побегнат од огнената стихија, пишува Си-ен-ен.
Некои се качиле на надворешната страна на зградата и на клима-уредите, едно лице направило јаже од постелнина за да се спушти од прозорецот, а друго скокнало од подот до долната тераса. Тоа е еден од најсмртоносните пожари во Пекинг во последните години. Властите поведоа истрага, а во врска со инцидентот веќе се уапсени 12 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Америка: Имаме нов план за мир, им го презентиравме на Русија, Украина и Европа

Соединетите Американски Држави им презентираа на Украина, Русија и Европа „рамка за траен и одржлив мир“, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент, Теми Брус.
Истиот ден, потпретседателката на украинската влада и министерка за економија, Јулија Свириденко, извести дека САД и Украина потпишале меморандум во врска со договорот за минерали, кој сè уште треба да се финализира. Претставници на Белата куќа претходно нагласија дека договорот е клучен за напредок во мировните преговори.
„Американскиот претседател Доналд Трамп и Соединетите Американски Држави сакаат да ја завршат оваа војна и сега поставија рамка за траен и одржлив мир за сите страни“, рече Брус. Според неа, предлогот им бил презентиран на украинските и европските претставници во Париз, додека американскиот државен секретар Марко Рубио го пренел истиот на Русија во телефонски разговор.
„Рубио разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Државниот секретар му ја пренесе истата порака на својот руски колега што американската делегација им ја пренесе на украинските претставници и на нашите европски сојузници во Париз“, рече Брус. Таа додаде дека американскиот предлог бил позитивно примен во Париз.
„Охрабрувачките реакции на предлогот на САД во Париз покажуваат дека мирот е можен, ако сите страни се навистина посветени на постигнување договор“, рече Брус.
Досега, САД одржаа одделни разговори со Украина и Русија во Саудиска Арабија со цел постигнување примирје. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 6 април изјави дека Русија го отфрла безусловното примирје бидејќи сака да продолжи со ракетните напади од Црното Море. Москва досега покажа мала подготвеност за сериозни мировни преговори. Руските власти поставуваат максималистички барања во мировните преговори со Украина и САД.
Украина веќе го прифати предлогот на САД за целосно 30-дневно примирје, објавувајќи на 11 март дека е подготвена за договор доколку Русија се согласи. Сепак, Москва засега одбива.
Свет
Трамп: Идниот четврток ќе потпишеме договор за минералите со Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и САД ќе потпишат договор за минерали следниот четврток, на 24 април.
„Украина и САД ќе потпишат договор за минерали следниот четврток“, рече Трамп.
Администрацијата на Доналд Трамп со месеци преговара со Украина за широк договор кој вклучува експлоатација на ретки минерали, а САД бараат значителни права на пристап и контрола врз украинските природни ресурси.
Украинската страна посочува дека е постигнат „значителен напредок“ во преговорите, но дека се уште траат разговорите за деталите и безбедносните гаранции.
Трамп го гледа овој договор како начин за враќање на дел од средствата инвестирани во воена помош за Украина, додека украинскиот претседател Зеленски бара јасни безбедносни гаранции во замена за отстапки за ресурсите. Некои од украинските власти изразуваат загриженост за американскиот притисок и можните максималистички барања од Вашингтон.
Договорот предизвика дискусии во Украина и меѓународните медиуми за економската и политичката независност на земјата и можните последици за украинската енергетска и рударска индустрија.
Свет
Трамп за царините: Нема да имаме проблем да се договориме со Европа или со кој било друг

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува да се постигне напредок во склучувањето трговски договори со други земји. Тој, сепак, додаде дека не брза да склучува такви зделки бидејќи царините што ги наметна создаваат значителни приходи, објави „Асошиетед прес“.
Лидерот на САД изрази 100 отсто доверба за постигнување трговски договор за тековниот царински спор со ЕУ.
Трамп ја коментираше својата трговска политика за време на неговиот состанок во Белата куќа со италијанската премиерка, Џорџа Мелони.
Трамп и посака добредојде на Мелони во Белата куќа и рече дека ќе има 100 проценти договор со ЕУ за царините.
„Нема да имаме проблем да се договориме со Европа или со кој било друг, бидејќи имаме нешто што сите го сакаат“, изјави американскиот претседател, цитиран од Ројтерс.
Од своја страна, Мелони рече дека е уверена дека ќе постигнат договор за тарифите, забележува Ројтерс.
Таа рече дека ќе го покани Трамп да ја посети Италија. Премиерката посочи и дека очекува Италија на следниот состанок на НАТО во јуни да објави дека ќе може да го исполни барањето на Алијансата секоја земја-членка да издвојува 2 отсто од својот бруто домашен производ за трошоците за одбрана.
„Имаме многу добри односи заедно и како земји“, рече Трамп.
„Ќе направиме договор со Кина“, рече американскиот претседател. Тој посочи дека очекува да се воведат „значителни“ основни царини за увоз на голем број стоки.