Свет
(Видео) Пожар во зградата на Мисијата на Србија при ОН во Њујорк
Министерството за надворешни работи на Србија утринава објави дека во зградата на Мисијата на Србија при Обединетите нации во Њујорк избувнал пожар.
Пожарот избувна околу 20 часот по локално време, а две канцеларии биле целосно изгорени, соопшти шефот на Мисијата на Србија, Милан Милановиќ.
.@NYRRT 2nd Alarm Fire Manhattan
854 5th @SerbianPM@SerbianGov
Mission to the @UN @FDNY @NYPD19Pct pic.twitter.com/vEAkfKLBT5— NYRRT Glen S. (@NYRRTOps) December 10, 2018
Според него, пожарот бил случајно забележан од еден од вработените во зградата, како и од случајни минувачи, по што веднаш била повикана противпожарната служба.
Пожарникарите пристигнале брзо по повикот и успеале да стават крај на огнената стихија.
Од против пожарната служба соопштија дека откриле дека пожарот бил предизивкан од неправилна инсталација.
Fire at Serbian Mission to the U.N. on Fifth Ave. https://t.co/rhm0zknJpR pic.twitter.com/TxIeR0Am6H
— New York Daily News (@NYDailyNews) December 10, 2018
„За среќа, имаме осигурување. Во моментов се чисти бидејќи прозорците се скршени, а водата тече надолу по скалите. Во овој момент немаме ниту пристап до интернет. Во канцелариите што изгореа во пожарот имаше само мебел. Едната канцеларија не се користи, а во другата седеше еден колега, кој ќе се премести во друга канцеларија. Среќа е што пожарот беше забележан рано и бргу пристигнаа пожарникарите”, рече Миловановиќ.
Американскиот портал „Њујорк дејли њуз“ објави дека тројца цивили и еден пожарникар биле повредени во пожар. Поради пожарот што избувна во зградата, Петтата авенија беше затворена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

