Свет
(Видео) Пожар во московска болница

Пожар избувна во московска болница, која служи како еден од главните центри за пациенти со коронавирус.
Руските медиуми пренесуваат дека дошло до експлозија во дел од системот за довод на кислород по што на социјалните мрежи се појавија снимки од објектот од кој излегува густ бел чад.
Smoke seen rising from a hospital that treats coronavirus patients in #Moscow , #Russia. Explosion and fire was reportedly caused by an oxygen cylinder leak .pic.twitter.com/S0xRT05Ctn
— Shark NewsWires (@SharkNewsWires) November 18, 2020
Според првичните информации, делот од болницата во кој избувнал пожарот сè уште не бил пуштен во употреба, па нема повредени меѓу пациентите и вработените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бебе од Србија почина на Халкидики: детето се задушило пред очите на родителите среде ресторан

Тринаесетмесечно бебе од Србија ненадејно го загуби животот во ресторан на Халкидики. Според грчките медиуми, трагедијата се случила пред очите на родителите на детето.
Се верува дека малото дете, кое било на одмор во Грција со својот татко (31) и мајка (32), се задавило со храна. Инцидентот се случил околу 18 часот, додека детето седело на маса со своето семејство и почнало да се дави.
Сцените што следеле биле ужасни. Родителите, во паника, се обиделе да го спасат детето, а веднаш била повикана итна помош.
Бебето прво било однесено во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, а потоа во болницата во Полигирос, каде било прогласено за мртво.
Свет
Ново примирје во Свеида, бројот на жртви надмина 300

Сириската државна новинска агенција САНА објави дека е постигнат нов договор за примирје во јужниот град Свеида. Повикувајќи се на извор од Министерството за внатрешни работи, САНА соопшти дека во градот се поставени безбедносни контролни пунктови и дека Свеида „ќе биде целосно реинтегрирана во сириската држава“.
Ова беше четврто такво примирје во Свеида од неделата, но секој договор брзо беше прекршен од нови судири. Според Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, повеќе од 300 луѓе се убиени во јужна Сирија во последните денови.
Откако започнаа борбите во неделата, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека 69 припадници на милицијата Друзи и 40 цивили се убиени. Во извештајот се вели и дека 27 членови на заедницата Друзи се егзекутирани од страна на владините сили.
Сириската опсерваторија за човекови права, исто така, објави дека 165 припадници на сириската армија, 18 бедуински борци и 10 членови на безбедносните сили се убиени во израелските воздушни напади.
Свет
Пристигна реакцијата на САД: „Престанете“

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Вашингтон е „многу загрижен“ за израелските напади врз Сирија, објави турската новинска агенција Анадолија.
„Сакаме борбите да престанат“, рече Рубио.
Сириското Министерство за здравство соопшти дека три лица загинале, а 34 се повредени во израелските воздушни напади врз Дамаск.