Европа
(Видео) Судир меѓу германската полиција и демонстрантите на протестот против владините мерки
Германската полиција употреби водни топови и солзавец за да ги растера илјадниците демонстранти што се собраа поради новата законска рамка за спроведување на ограничувањата против ширењето на коронавирусот, усвоен од парламентот.
Демонстрантите во близина на познатата Бранденбуршка порта фрлаа стаклени шишиња и димни бомби кон полицијата. Интервентната полиција уапси неколку демонстранти и ги повика со озвучување да го напуштат местото.
Полицијата уапси 190 лица, а деветмина полицајци беа повредени, пренесува „Ројтерс“. Демонстрантите, вклучително и некои крајнодесни радикалисти, се противат на законот со кој се воведуваат мерки, како што се ограничување на социјалните контакти, правила за носење маски, пиење алкохол на јавни места и затворање на продавниците.
Демонстрантите на протестот не ја држеа потребната физичка дистанца или не носеа маски за лице. Некои држеа транспаренти со пароли како: „Престанете да лажете за коронавирусот“ и „Без присилна вакцинација“.
Министерот за здравство, Јенс Спан, пред парламентот рече дека никој нема да биде принуден да ја прими вакцината и ја опиша пандемијата како нешто што се случува еднаш во векот.
Додека повеќето Германци го прифаќаат делумниот карантин за да се запре ширењето на новиот коронавирус во вториот бран, критичарите велат дека амандманот ги загрозува граѓанските права.
Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) го спореди амандманот со Законот за итните овластувања од 1933 година, со кој се отвори патот за нацистичката диктатура на Хитлер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.