Свет
(Видео) Позитивни коментари по говорот на Меркел за коронавирусот
Говорот на германската канцеларка Ангела Меркел каде во минута и половина објаснува како се шири коронаворусот и колку е опасно наглото ублажување на рестриктивните мерки за кратко време, наиде на позитивни коментари ширум светот, а пред се кај Американците кои се спротивставуваат на политиките на Доналд Трамп.
Откако нејзиниот говор беше преведен на англиски јазик, на интернет османаа голем број на коментари во однос на предупредувањата што ги изнесе канцеларката.
„Еве како изгледа кога компетентен човек води држава“, е еден од коментарите кои ги пренесуваат медиумите.
Меркел има диплома и докторат за квантна хемија, што несомнено ја прави еден од најквалификуваните лидери за време на пандемијата.
Германија, иако е сериозно погодена од вирусот, успеа да започне со израмнување на кривата и има далеку пониска стапка на смртност од другите земји.
Во видеото кое брзо започна да се шири на социјалните мрежи, Меркел објасни зошто укинувањето на мерките бара претпазливост и го опиша експоненцијалниот пораст на бројот на пациенти. Таа исто така објасни колку заразеното лице може да зарази други, односно дека тоа прави голема разлика во однос на функционирањето на здравствениот систем.
„Тоа е политичар кој ги разбира основните бројки. Многу други се обидуваат да говорат за нешто што дури и не го разбираат“
„Ужаснат сум кога политичарите ги објаснуваат ефектите од експоненцијалниот раст врз причините и последиците. Ова е толку освежувачко“
„Чудно, зарем не? Јас сум збунет. Таа користи целосни реченици, а јас не сум навикнат на тоа“
„Кога одеднаш сте горди на тоа што сте Германец и не знаете како да се носите со тоа. Во споредба со многу други земји, ова е мојот омилен одговор на кризата. Јас не сум голем обожавател на Меркел, но ми се допаѓа нејзиниот одговор на оваа криза“.
„Браво, канцеларке Меркел. Известете не дали другите земји можат да се согласат привремено да ве посвојат како свој лидер“.
Ова се дел од коментарите по говорот на Меркел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.

