Свет
(Видео) Полицијата во Каталонија бомбардирана со свински глави поради смената на регионалниот претседател
По одлуката на шпанскиот Врховен суд да ја поддржи суспензијата на регионалниот претседател Квим Тора, стотици демонстранти излегоа на улиците, од кои некои ја нападнаа силно вооружената полиција со свински глави, пренесува РТ.
Протестите беа организирани од Комитетите за одбрана на Републиката, а приврзаниците ги исполнија улиците на каталонскиот регионален главен град за да ја изразат својата огорченост од одлуката и зголемениот гнев поради справувањето со пандемијата на Ковид-19 од страна на Мадрид.
Кога демонстрантите стигнаа до канцеларијата на јавниот обвинител, беа запрени од бариера подигната од полицијата, „Мосос д’Есквадра“, по што тие почнаа да ги бомбардираат полицајците со исечени свински глави. Локалните медиуми објавија дека имало најмалку пет уапсени за време на маршевите.
Запалени биле контејнери за отпадоци, а демонстрантите присилно ги отвориле и портите на паркот „Сиутадела“, кој беше затворен од 16 часот попладне во понеделникот. Свински глави беа оставени и пред Министерството за правда.
Els @CDRCatOficial deixen caps de porc aquesta matinada al Ministeri de Justícia https://t.co/gW65Wn9cX1 pic.twitter.com/kLJSFeg1eK
— NacióDigital (@naciodigital) September 29, 2020
Организациите за независност повикаа на митинзи низ целиот регион како одговор на одлуката на судот, а извици „Ниту еден чекор назад! Независност!“ и „Улиците секогаш ќе бидат наши!“ одекнуваа на демонстрациите. Постојано се повторуваа повици за ослободување на политичките затвореници и за самоопределување на Каталонците, народот грмеше: „Окупациските сили надвор!“
Alguns manifestants han llençat caps de porc davant els #Mossos que custodien la delegació del govern pic.twitter.com/w0a6wVgWa4
— Oriol Freixenet (@Ofreixenet) September 28, 2020
Во меѓувреме, Тора привремено ќе биде заменет од неговиот потпретседател Пере Арагонес сè додека не се одржат изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски пред средбата со Трамп: Многу работи можат да се решат пред Нова година, одлуката зависи од партнерите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев прави сè за да ја заврши војната со Русија, но дека на крајот одлуката за мир ќе зависи од неговите партнери.
„Ова се едни од најактивните дипломатски денови во годината и многу работи можат да се решат пред Нова година, а ние правиме сè за таа цел, но дали ќе се донесат одлуки зависи од партнерите“, напиша Зеленски на комуникациската платформа Телеграм пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида.
Тој додаде дека украинските партнери треба да го зголемат притисокот врз Москва „за Русите да ги почувствуваат последиците од нивната агресија“.
Зеленски, кој доцна синоќа пристигна на Флорида со својата делегација, се среќава со Трамп за да се договори план за завршување на војната во Украина. Тој им се заблагодари на сите што ѝ помагаат на Украина.
Зеленски објави дека за време на средбата во резиденцијата на Трамп во Флорида, планира да разговара за судбината на спорниот регион Донбас во источна Украина, како и за иднината на нуклеарната централа Запорожје.
Depositphotos
Свет
(Видео) Авион се урна во близина на една од најпознатите плажи, пилотот загина
Помал авион се урна во морето во близина на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, при што загина пилотот, објави порталот „Г1“, повикувајќи се на пожарникари.
Телото на пилотот е пронајдено и неговата идентификација е во тек.
„Тоа беше првиот работен ден на пилотот “, рече заменик-префектот на јужната зона на градот, Бернардо Рубијао.
Станува збор за авион со еден мотор со рекламен банер.
ULTRALEVE
Avião de propaganda cai no mar da praia de Copacabana e assusta banhistas; caso é investigado > https://t.co/H2ogGBdYCo pic.twitter.com/xPHvJBuObi
— Estadão 🗞️ (@Estadao) December 27, 2025
Градското собрание на Рио де Жанеиро објави дека компанијата чиј авион се урна немала дозвола да спроведе рекламна кампања.
Свет
Во Париз, 40 лица се приведени поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
Француската полиција приведе околу 40 лица поради непријавен огномет во Париз на плоштадот Трокадеро во близина на Ајфеловата кула, објави парискиот весник Фигаро (Le Figaro) на својата веб-страница.
Париската полициска префектура изјави дека инцидентот се случил синоќа околу 21:00 часот и дека полицијата веднаш интервенирала, приведувајќи околу 40 лица и дека нема повредени.
Се додава дека е отворена истрага и дека се сомнева дека сторителите се навивачи на парискиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ).
Ова е втор непријавен огномет во декември. На 13 декември, инфлуенсерот Лорис Џулијано (Џулијано) организираше огномет во близина на Трокадеро како дел од промоцијата на неговиот документарен филм.
Потоа беше отворена истрага за „загрозување на други лица и намерно кршење на обврската за одржување на безбедноста“ на јавно место, додаде Фигаро.
Фотографии и видеа од двата непријавени огномети во Париз циркулираат на социјалните мрежи.
pexels

