Свет
(Видео) Полицијата пукаше во демонстрантите во Мјанмар, судирите интензивирани
Жестоки судири избувнаа меѓу демонстрантите во северен Мјанмар и безбедносните сили, пренесува РТ. На интернет се појавија снимки на кои се гледа како полицијата отвора оган кон толпата, но не е јасно дали се користела бојна муниција или гумени куршуми.
Десетици демонстранти во неделата се соочија со интервентната полиција во електроцентрала во градот Мјитјкина. Градот се наоѓа на 1.480 км од главниот град Јангон во северниот дел на земјата, кој е зафатен со протести од воениот удар на 1 февруари.
Имаше извештаи дека и војската била распоредена да ги смири немирите. Судирите во Мјитјкина наводно следеле откако властите побарале од компанијата што управува со централата да ја прекине електричната енергија.
Наводното видео од пресметката покажува демонстранти што бегаат во хаос додека наоколу се служаат експлозии и молскања. Полицијата наводно фрлала и солзавец, димни бомби и користела водни топови за да ги растера демонстрантите.
In Myitkyina, the military has started firing on citizens.#WhatsHappeningInMyanmar #Feb14Coup pic.twitter.com/BcvPRK4p20
— Yuki (@Yuki27985345) February 14, 2021
Би-би-си објави дека во хаосот биле уапсени пет новинари.
Набргу по настаните во Мјитјкина, мониторинг-групата NetBlocks Internet Observatory објави дека интернетот во земјата е речиси цлосно исклучен. Групата посочи дека прекинот е резултат на информативната блокада нарачана од државата истакнувајќи дека поврзаноста во целата земја преку ноќ паднала на 14 отсто.
Appears not just smoke bombs but some are telling me that it's tear gas fired in #Myitkyina northern #Myanmar #Kachin state. During 1 live stream, I also saw a group of citizens running to a well to wash their faces/eyes and they were visibly choking #WhatishappeninginMyamar https://t.co/m7SXxsgU7I pic.twitter.com/O1gCig3xTH
— May Wong (@MayWongCNA) February 14, 2021
Врските беа обновени утринава околу 9 часот по локално време, но според NetBlocks, повеќето од жителите сè уште не можеле да пристапат до социјалните мрежи.
⚠️ Confirmed: A near-total internet shutdown is in effect in #Myanmar as of 1 a.m. local time; real-time network data show national connectivity at just 14% of ordinary levels following state-ordered information blackout; incident ongoing ?
?Background: https://t.co/Jgc20OBk27 pic.twitter.com/wWWVzb0c0G
— NetBlocks (@netblocks) February 14, 2021
Повеќе од десет западни амбасади, вклучувајќи ги и оние на САД, ЕУ, Велика Британија, Канада, Германија и Франција, ги повикаа безбедносните сили да се воздржат од насилство врз демонстрантите и цивилите посочувајќи ги притворот на државната советничка Аунг Сан Су Кји и прогласувањето едногодишна вонредна состојба од страна на војската како уривање на легитимната влада.
„Ние го поддржуваме народот во Мјанмар во потрагата по демократија, слобода, мир и просперитет. Светот гледа“, се вели во изјавата во неделата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ги прекинуваме сите трговски односи со Шпанија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Соединетите Американски Држави ќе ја прекинат целата трговија со Шпанија.
„Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме никаква врска со Шпанија“, изјави тој пред новинарите додека седеше во Овалната соба за време на состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Тој додаде дека му рекол на секретарот за финансии, Скот Бесент, да ја прекине „целата работа“ со европската земја и членка на НАТО.
„Шпанија беше ужасна“, додаде тој, осврнувајќи се на реакцијата на земјите од НАТО на американскиот ракетен напад врз Иран.
NOW – Trump: "We're gonna cut off all trade with Spain, we don't want anything to do with Spain." pic.twitter.com/Zjm1zXflfu
— Disclose.tv (@disclosetv) March 3, 2026
„Шпанија во основа рече дека не можеме да ги користиме нејзините бази. Тие беа непријателски настроени. Шпанија нема апсолутно ништо што ни треба, освен одлични луѓе. Тие имаат одлични луѓе, но немаат одлично лидерство“, рече тој.
Шпанија им го одби пристапот на САД до своите воздухопловни бази за „сè што не е опфатено со договорот или во согласност со Повелбата на ОН“, според шпанскиот државен радиодифузер RTVE.
Најмалку 15 американски авиони ги напуштија воените бази Рота и Морон во јужна Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот, според податоците и мапите од веб-страницата за следење на летови FlightRadar24.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Шпанија нема да дозволи нејзините воени бази да се користат за напад врз Иран. Базите се заеднички управувани од САД и Шпанија, но се под шпански суверенитет.
фото/Depositphotos
Свет
Цените на нафтата скокнаа над 83 долари
Цените на нафтата скокнаа над 83 долари на меѓународните пазари денес, во услови на ескалација на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран и намаленото производство во регионот на Персискиот Залив поради запрениот транзит низ Ормутскиот теснец.
На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 5,56 долари за барел попладне, во пораст од вчерашното затворање од 83,30 долари. Накратко достигна 85,12 долари, највисоко ниво од јули 2024 година.
На американскиот пазар, барелот скокна за 5,29 долари за барел попладне на 76,52 долари. Накратко скокна на највисоко ниво од јуни, на 77,58 долари.
Од затворањето на тргувањето во петокот, неколку часа пред нападот на САД и Израел врз Иран, цената на барелот скокна за околу 16 и 17 проценти, соодветно.
Израел, исто така, го нападна Либан, а Иран одговори со удар врз енергетската инфраструктура во земјите на бреговите на Персискиот Залив. Ормутскиот теснец е де факто затворен, блокирајќи речиси една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас.
Иранските вооружени сили во понеделник вечерта преку советник на командантот на Иранскиот корпус на гардата на револуцијата, Ебрахим Џабари, изјавија дека нема да дозволат извоз на нафта преку теснецот.
Свет
Велика Британија испраќа воен брод и хеликоптери на Кипар
Велика Британија ќе ги засили своите одбранбени операции во регионот, потврди премиерот Кир Стармер по разговорите со претседателот на Кипар. Тој објави дека Лондон ќе испрати хеликоптери со капацитети против беспилотни летала и воениот брод HMS Dragon на Кипар, објави SkyNews.
„Секогаш ќе дејствуваме во интерес на Велика Британија и нашите сојузници“, рече Стармер.
Одлуката следи по претходниот извештај дека Велика Британија размислува за распоредување разурнувачи од воздушна одбрана тип 45 за да ги заштити базите на британските кралски воздухопловни сили (RAF) таму.
Воениот брод HMS Dragon припаѓа на таа класа разурнувачи и е единствениот брод во британскиот арсенал способен да соборува балистички ракети.
фото/ЕПА

