Европа
(Видео) Полупразни плоштади и улици во Милано, коронавирусот внесува немир кај посетителите
Откажани настапи на миланската опера, празни деловни простории и плоштади се слики кои доаѓаат од Милано откако коронавирусот се прошири во северниот дел на Италија.
Од кратката репортажа на агенцијата „Ruptly“ може да се забележи дека миланските улици во текот на денот се значително попразни од вообичаено и дека е намален бројот на туристи.
Оние кои, сепак, се решиле да го разгледаат градот, како и локалните жители кои имаат неодложни обврски, задолжително носат заштитни маски.
„Не сум многу загрижен во моментов, но по вестите за ширењето на вирусот во Ломбардија мислам дека треба да бидеме претпазиливи“, вели во кратка изјава еден од случајните минувачи.
Празни се и продавниците на брендовите од високата мода, исто како и полиците на повеќе маркети во регионот Ломбардија.
„Се работи за респираторен вирус за кој не верувам дека е многу смртоносен. Станува збор за заразна болест и мислам дека доколку се стравува од зараза тогаш е добро да се избегнуваат јавни собири бидејќи на тој начин најмногу се шират заразите. Инаку, според мене, малку се претерува со тоа што масовно се празнат рафтовите во маркетите, сепак ова е реалност, а не зомби-филм“, вели една посетителка на Милано во изјавата за агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пет млади лица загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска
Тројца млади мажи и две жени на возраст од дваесет години загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во округот Лаут, Ирска, во саботата навечер, соопшти ирската полиција, објави Скај њуз.
Трагедијата се случила кратко по 21 часот во Гибстаун, Дандалк, кога „фолксваген голф“, во кој патувале петмина пријатели на ноќно излегување, се судрил со „тојота ленд крузер“.
Сите петмина патници во „голфот“ загинале на местото на настанот. Жртвите биле Клое Мекги (23) и Шеј Дафи (21), Алан Мекласки (23), Дилан Коминс (23) и Клое Хипсон (21) од Шкотска.
Друг маж, исто така на возраст од 20 години, кој бил во „голфот“, бил извлечен од возилото и однесен во болница со сериозни, но не опасни по живот повреди. Возачот и патникот во „ленд крузерот“ исто така биле хоспитализирани, но со полесни повреди.
Полицискиот службеник Чарли Армстронг изјавил дека истрагата е во тек и ја пофалил професионалноста на службите за итни случаи кои реагирале во исклучително тешки услови.
„Сцената беше многу тешка, во неповолни временски услови, а професионализмот што го покажаа сите служби за итни случаи и грижата и почитта што им беше покажана на петте починати беше примерена“, рекол Армстронг.
Ирскиот премиер Мајкл Мартин изјави дека е „шокиран и запрепастен“ од веста, додека неговиот заменик Сајмон Харис рече дека „превез од длабока тага паднал врз земјата“.
„Нашите мисли и молитви се со семејствата и пријателите на овие млади луѓе, како и со оние што беа повредени. Исто така, мислиме на нашите служби за итни случаи, кои работеа толку професионално во навистина катастрофални околности“, рече премиерот Мартин.
фото: принтскрин
Европа
Десет ранети, тројца мртви во руски ракетен напад врз Украина
Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца, изјави во понеделник регионален воен претставник во регионот Харков.
Нападот што се случи ноќеска го погоди центарот на градот, при што беа повредени деца родени во 2007, 2010 и 2011 година, изјави преку апликацијата за пораки Телеграм Виталиј Карабанов, началник на воената администрација на Балаклија.
Деветмина од повредените се хоспитализирани, рече тој.
фото: принтскрин
Европа
Сијарто: Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти
Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто предупреди дека унгарската опозиција „ќе ја предаде Унгарија на Брисел“, објави агенцијата МТИ.
„Брисел сака ситуацијата да се влоши, војната да трае уште подолго и да ескалира понатаму. Не им е грижа што илјадници, десетици илјади луѓе умираат на фронтот и што милиони се принудени да ги напуштат своите домови. Не им е грижа што малку по малку целата земја е уништена. Не им е грижа што секој нов ден е ризик од избувнување на трета светска војна“, рече Сијарто.
Според него, парите и оружјето на европските даночни обврзници бесрамно се испраќаат во Украина за потребите на „воената мафија која не објаснила каде потрошила милијарди евра“.
– Влезот на Украина во Европската Унија би бил еквивалентен на увоз на војна, украинска мафија и жито со низок квалитет – рече Сијарто и предупреди дека „Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти“.

