Свет
(Видео) Потресни сцени од Јоханесбург: меѓу 52 жртви и едно дете, пожарникарите сѐ уште трагаат по тела

Најмалку 52 лица загинаа, меѓу кои и дете на две или три години, во пожар што избувна во зграда во центарот на Јоханесбург.
Како што пренесува во живо локалниот медиум „Тајмс“, итната помош соопшти дека се повредени 48 лица.
@CityofJoburgEMS Firefighters are currently attending to a building on fire in @CityofJoburgZA CBD corner Delvers, Alberts street at this stage 10 people confirmed dead and multiple patients treated on scene transported to various health care facilities for further medical care pic.twitter.com/20b6NXaHvF
— Cojems Spokesperson (@RobertMulaudzi) August 31, 2023
Портпаролот на службите за итни случаи, Роберт Мулауџи, изјави дека пожарникарите добиле повик за пожар околу 1.30 часот.
„Се работи за зграда на пет ката, која се запали во раните утрински часови. „Успеавме да ги евакуираме луѓето што беа во зградата веднаш штом пристигнавме“, рече тој.
Меѓу загинатите, рече тој, има и мало дете, кое може да има меѓу една и две години.
Од повредените некои вдишале чад, а други добиле полесни повреди.
Тој потврди дека пожарот е ставен под контрола и дека сѐ уште се во тек потрагата и спасувањето, како и дека сѐ уште не е позната причината за пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Калас: ЕУ ќе му помогне на „Радио Слободна Европа“ да опстане

Високата претставничка за надворешна политика, Каја Калас, објави дека ЕУ подготвува договор вреден 5,5 милиони евра со Европската фондација за демократија за поддршка на работата на Радио Слободна Европа.
Синоќа, по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, Калас истакна дека во време на растечко, нефилтрирано новинарство, независното новинарство е поважно од кога било.
„Станува збор за краткорочно, итно финансирање наменето за безбедносната мрежа на независното новинарство“, истакна Калас.
Брисел одлучи да му помогне на Радио Слободна Европа откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги прекина грантовите за продемократските медиуми, обвинувајќи ги дека промовираат агенда со либерална пристрасност.
Сега адвокатите на Радио Слободна Европа се борат против американската администрација на суд.
Калас изјави, пренесува АП, дека ЕУ нема да може да ја пополни празнината во финансирањето на радиото низ целиот свет, но дека сака да му помогне на медиумот „да работи и да функционира во оние земји што се во соседството (ЕУ) и кои во голема мера зависат од вести што доаѓаат однадвор“.
Високата претставничка, исто така, рече дека се надева оти членовите ќе помогнат со повеќе пари за поддршка на Радио Слободна Европа на долг рок.
Таа додаде дека ЕУ бара „стратешки области“ во кои може да помогне додека САД ја намалуваат странската помош.
Свет
Брисел предлага нова такса од две евра за пакет за купувања од платформи како „Тему“

Европската комисија размислува за воведување такса од 2 евра за пакет за пратки надвор од ЕУ купени преку онлајн-платформи, како што се кинеските „Шеин“ и „Тему“, изјави комесарот за трговија и економска безбедност, Марош Шефчовиќ.
Како што објави РТВЕ, станува збор за таканаречената управувачка такса, која би ги покривала трошоците за обработка на голем број мали пакети што влегуваат во ЕУ, а не за нов данок, прецизира Шефчовиќ за време на дискусијата во Комитетот за внатрешен пазар на Европскиот парламент.
Според написите, комесарот за трговија Марош Шефчовиќ пред Европскиот парламент претставил дека предложил надомест за ракување со пратки за „справување со предизвиците што ги претставуваат 4,6 милијарди пратки доставени директно до адресите на граѓаните годишно“. Според нацрт-предлогот на Европската комисија, според „Фајненшл тајмс“, за директна продажба до крајните корисници ќе се применува такса од 2 евра, а за пакетите што пристигнуваат во магацините ќе биде 0,50 центи.
Дел од приходите од таксата ќе се користи за покривање на трошоците за дополнителни царински проверки, а остатокот ќе оди директно во буџетот на ЕУ. Повеќе од 90 проценти од пратките доаѓаат од Кина.
Овој потег следува по сличен таков на САД, кои одлучија да го укинат својот режим de minimis, кој ги ослободуваше пратките во вредност помала од 800 долари од царина и документација.
Шефчовиќ на пратениците во Брисел им рече дека „огромниот бран пакети претставува сосема нов предизвик во однос на контролата, безбедноста и обезбедувањето усогласеност со стандардите“. На пазарот на ЕУ е забележано зголемување на бројот на опасни и несоодветни производи, а трговците во Унијата сè повеќе се жалат на нелојална конкуренција.
Шефчовиќ нагласи дека овие пратки создаваат огромен товар за царинските службеници. „Не би ја сметал оваа такса како данок, туку, едноставно, како надомест на трошоци што платформите треба да ги платат“, додаде тој.
Според податоците собрани од „Фајненшл тајмс“, само Холандија и Белгија, како главни логистички центри на ЕУ, минатата година примиле повеќе од една милијарда пакети.
Ана Кавацини, пратеничка од германските Зелени и претседателка на парламентарниот Комитет за внатрешен пазар, го поддржа планот. „Важно е да се воспостави контрола. Ова ќе ги охрабри продавачите повторно да се обратат во магацините, како што правеа претходно. На царината многу им е полесно да проверуваат примероци од поголема пратка отколку од поединечни артикли“, изјави таа за „Фајненшл тајмс“.
„Тему“ и „Шеин“ сè уште не ги коментираа овие најави.
Се очекува земјите членки да го вклучат овој надоместок во поширок пакет-реформи на царинските правила, што вклучува построги контроли и подобра координација во рамките на единствениот пазар. Како дел од реформата ЕУ планира да го укине сопственото ослободување de minimis за пратки помали од 150 евра. Ова би ги принудило платформите да се регистрираат за ДДВ, со што првпат ќе преземат одговорност за квалитетот на стоките како увозници.
Предлогот беше презентиран на Комисијата минатата недела од страна на комесарот за буџет, Пјотр Серафин, како една од опциите за зголемување на приходите на буџетот на ЕУ.
Свет
(Видео) Големо невреме и поплави во Франција, три лица загинаа

Најмалку три лица загинаа, вклучувајќи и еден пар во своите осумдесети години од животот, во силното невреме што вчера ја погоди југоисточна Франција оставајќи зад себе, она што еден локален функционер го опиша, сцени слични на војна.
Според локалните власти, еден постар пар починал во приморскиот град Ле Лаванду, а трето лице во градот Видобан. Нивното возило било однесено од надојдената вода, а телото на жената било заробено во остатоците од автомобилот, потврди обвинителот на Тулон, Самуел Финиелц, за АФП.
Storm unleashes flooding chaos in parts of Alpes-Côte d’Azur in southeastern #France
VC: Lily Festa#Storm #Europe #Flood #Flashflood #Rain #Climate #Weather #Viral pic.twitter.com/ypVZmubdzn
— Earth42morrow (@Earth42morrow) May 20, 2025
„Ситуацијата на терен е тешка“, рече Финиелц додавајќи дека е отворена истрага за причините за смртта.
Градоначалникот на Ле Лаванду, Жил Бернарди, ги опиша сцените по бурата како сцени на војна, со уништени патишта и урнати мостови.
„Беше многу насилно, подмолно, сосема несфатливо“, изјави тој за телевизијата БФМ. „Нема ништо останато – нема струја, нема вода за пиење, нема постројка за третман на отпадни води“.
Storm unleashes flooding chaos in parts of Alpes-Côte d’Azur in southeastern #France
VC: Lily Festa#Storm #Europe #Flood #Flashflood #Rain #Climate #Weather #Viral pic.twitter.com/ypVZmubdzn
— Earth42morrow (@Earth42morrow) May 20, 2025
Еден ден претходно, град и пороен дожд ја погодија југозападна Франција поплавувајќи домови, оштетувајќи железнички пруги и предизвикувајќи евакуација на стотици патници од брзиот воз ТГВ среде ноќ.
Едно ТГВ-возило на линијата Тулуз – Париз морало да застане доцна во понеделникот бидејќи земјата под пругата попуштила поради обилните дождови, а шините се поместиле. Возот застанал во близина на Тонеин, а повеќе од 500 патници биле евакуирани со автобуси.
„Избегнавме катастрофа, шините се урнаа, возот буквално висеше во воздухот“, рече градоначалникот на Тонеин, Данте Ринаудо.