Свет
(Видео) По девет години затвор ослободена жена која била осудена поради абортус
Жена во Салвадор, која била осудена на 30 години затвор за абортус, пуштена е на слобода.
Според светските медиуми, таа е уапсена во 2012 година, кога имала 20 години и кога била пренесена во болница поради крвавењето за кое тврди дека го добило откако паднала дома.
VIDEO: Sara Rogel, sentenced to three decades in prison for undergoing an abortion, leaves Zacatecoluca Penal Center in El Salvador after almost nine years behind bars pic.twitter.com/BV4IF6WQSJ
— AFP News Agency (@AFP) June 9, 2021
Сепак, беше откриено дека ја прекинала бременоста, со што ги прекршила строгите правила за абортус и била осудена за убиство, пренесува Би-би-Сс.
Во јануари годинава казната ѝ беше изменета на 10 години затвор, а сега е пуштена на условна казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Пукал во полицајци кај Мостар, фрлил бомба, па им го украл автомобилот и го удрил: филмска потера во БиХ

Во неделата вечерта, полицијата во близина на Мостар уапси маж по филмска потера во која осомничениот нападнал полициска патрола и и го украл возилото, кое подоцна го удрил.
Четириесет и петгодишен маж бил сопрен од полициска патрола во Невесиње во источна Херцеговина, по што пукал во неа и фрлил бомба која не експлодирала.
После тоа украл полициско возило и се упатил кон Мостар. Полицијата од Невесиње побарала помош од колегите од Мостар, кои, според соопштението на полицијата, почнале да го бркаат по 22:30 часот. Тие набрзо го пронашле полициското возило кое излетало од пат кај Мостар.
Полицајците го уапсиле бегалецот на местото на несреќата и го префрлиле на лекување во Ургентниот центар во Мостар. Откако лекарите констатирале дека не се здобил со повреди за кои е потребна хоспитализација, тој е предаден на службениците во Полициската станица Невесиње.
Европа
(Видео) Фрлени молотови коктели кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со молотов коктел, а нема информации за жртви, јавува Anadolu.
Инцидентот се случил околу осум часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат бројни странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два молотови коктели биле фрлени во дворот на конзулатот, но за среќа не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј, опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Свет
Лавров: Можен е прекин на огнот во Украина доколку преговорите ја задоволат руската страна

Москва е подготвена да преговара за Украина, но ќе ги прекине воените операции само доколку исходот од потенцијалните преговори ја задоволи руската страна, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Подготвени сме да преговараме и со Украина и со Европа, со сите претставници кои со добра волја сакаат да помогнат да се постигне мир, но ќе ги прекинеме воените операции само кога овие преговори ќе дадат солиден и одржлив резултат што ќе ја задоволи Руската Федерација“, рече Лавров.
Тој посочи дека Москва забележала дека ставот на многу земји во однос на ситуацијата во Украина станал „пореален“ и дека сега има разбирање дека е неопходно да се елиминираат причините за конфликтот, пренесува РИА Новости.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е во посета на Турција за да разговара за неговата неодамнешна средба со американската делегација за ставање крај на војната во Украина, како и за придонесот што Анкара може да го даде во тој процес, изјави неименуван функционер од турското Министерство за надворешни работи.