Свет
(Видео) По нападот во Канада, уапсено едно лице
Едно лице, за кое се смета дека го започнало вооружениот напад во Канада, е приведено, соопшти канадската полиција.
Полицијата претходно упати апел до граѓаните да останат во своите домови.
On the scene of an ongoing incident on Brookside Drive. Four shots ran out around 8:20a.m. Police are asking people to lock their doors. pic.twitter.com/lXI1LrF6sS
— Nathalie Sturgeon (@nthlstrgn) August 10, 2018
Пукањето се случило околу 8 часот по локално време.
На социјалните мрежи се појавија низа фотографии и видеа од местото на нападот по што реагираа од канадската полиција. Оттаму преку социјалните мрежи до граѓаните упатија и апел да не се објавува на кои локации се забележани полициските службеници.
Во вооружениот напад беа убиени најмалку четири лица. За време на нападот веднаш, покрај полицијата, интервенирале и од противпожарната служба, како и брзата помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

