Свет
(Видео ) По часови копање, жена спасена од урнатините по рускиот удар врз Украина
Украинската полиција објави снимка од спасена жена од урнатините на станбена зграда во градот Краматорск по руски ракетен напад врз градот.
Спасувачите, соопшти полицијата, со часови копале низ урнатините на станбена зграда за да пронајдат жена која била закопана по ракетниот напад на руските сили.
Во ноќта од вторникот кон средата, три лица загинаа во руски ракетни напади врз украинското црноморско пристаниште Одеса и исто толку во нападите врз источниот регион Доњецк, во кој е вклучен и Краматорск, објавија украинските власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Прогласена тридневна жалост во Нови Сад по уривањето на покривот на железничката станица
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ денеска прогласи Ден на жалост на територијата на тој град, по повод тешката несреќа предизвикана од уривањето на покривот на Железничката станица во Нови Сад.
Деновите на жалост ќе започнат на 2 ноември, соопшти градската управа.
Претходно, како што пренесоа медиумите во соседството, Владата на Србија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост во Србија, по повод смртта и страдањето на граѓаните поради уривањето на железничката станица во Нови Сад.
Осум лица загинаа денеска во несреќа предизвикана од уривање на настрешницата на старата зграда на железничката станица во Нови Сад.
Регион
(Видео) Спасенo 14-годишно девојче во Нови Сад: спасувачите четири часа се бореле за нејзиниот живот и ја извлекле од урнатините на железничката станица
Од урнатините на стариот дел на Железничката станица во Нови Сад е извлечено 14-годишно девојче, пренесуваат медиумите во соседството.
На терен биле и полицајци, пожарникари, итната помош, багери и 4 часа се бореле за нејзиниот живот.
При уривање на стариот влезен дел на Железничката станица во Нови Сад, како што соопшти потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, загинаа осум лица.
Тој изјави дека се извлечени осум тела на загинатите во несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога се урнал дел од настрешницата.
„Веднаш по добивањето на повикот, за неколку минути спасувачите беа тука, како што сте сведоци и сега, неколку часа подоцна, акцијата за спасување е во тек. Исклучително е тешко и во него учествуваат близу 80 пожарникари-спасувачи од повеќе градови, со помош на тешка механизација, не само од МВР, туку и од градските комунални претпријатија, јавните претпријатија, па дури и приватните фирми“, рече Дачиќ.
Дачиќ, кој беше на местото на настанот заедно со премиерот Милош Вучевиќ, процени дека спасувачката акција ќе трае уште неколку часа.
„Од урнатините се извлечени осум тела, две лица се во болница и преживеале, иако состојбата на едното е доста сериозна. Имаме контакт со две лица под урнатините и работиме да ги извадиме од урнатините“, рече Дачиќ.
Им се заблагодари на сите јавни и комунални служби од Нови Сад кои излегоа да помогнат во механизацијата, како и на итните служби и здравствените установи.
Регион
Осум тела се извлечени од урнатините од железничката станица во Нови Сад
Настрешницата на железничката станица во Нови Сад денеска околу пладне се урна. Според првите информации има загинати и повредени.
Во Нови Сад изјави дадоа премиерот Милош Вучевиќ и министерот за полиција Ивица Дачиќ.
Вучевиќ рече дека ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад.
– Голема, страшна трагедија – рече премиерот, и упати сочувство до семејствата на загинатите.
По повикот спасувачите веднаш по повикот пристигнале на местото на несреќата, рече Дачиќ, додавајќи дека во акцијата учествуваат близу 80 спасувачи од повеќе градови.
– Исклучително тешка акција, која секако ќе потрае уште неколку часа. Осум тела се извлечени од урнатините. Две лица се во болница, тие преживеале, иако состојбата на едниот е доста тешка, ампутирана му е ногата – рече Дачиќ.