Свет
(Видео) Предупредување за урагани во САД: Подгответе се, пристигнуваат три урагани!
Ураганот Флоренс, од прва категорија, кој може да нанесе директен удар на подрачјето на Северна и Јужна Каролина до регионот на Среден Атлантик, продолжува да се засилува, предупредува американскиот Национален центар за урагани.
Florence forecast to become ‘major hurricane;’ @JaniceDean has the latest https://t.co/xoOdChZ9gJ pic.twitter.com/wQCVEKmaGZ
— Fox News (@FoxNews) September 10, 2018
Ураганот Хелен исто така добива сила над источниот дел на Атлантскиот Океан, а ураганот Ајзак е сè поблиску до Карибите.
Ураганот Флоренс вчера премина во категорија на тропска бура сè додека до вечерта ветровите не достигнаа брзина од 140 километри на час.
Според најавите, се очекува дека ураганот ќе остане екстремно опасен и дека в четврток ќе се приближи до брегот на САД.
Јакнењето на ураганот Хелен, кој моментно се наоѓа на 330 километри југозапано од Зелено’ртските Острови, се очекува во наредните денови со максимална сила на ветрови од 140 километри на час.
Центарот за урагани наведува дека се приближува ураганот Ајзак, кој ќе биде петти ураган во сезоната на урагани на Атлантикот во 2018 година.
Урганот е на 2.100 километри источно од островскиот архипелаг Виндворд, со максимална сила на ветрот од 120 километри на час. Се движи кон запад и се очекува да се интензивира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.