Свет
(Видео) Протести во Кина, жителите против строгите ковид-мерки
Жителите на кинескиот Гуангжу, град под карантин поради коронавирусот, излегоа на улиците за да го покажат своето противење на строгите мерки против пандемијата.
Снимките и сликите што кружат на социјалните мрежи покажуваат лути демонстранти како ги уриваат бариерите поставени од локалните власти, пишува Си-ен-ен.
Apart from the issues mentioned above, before the #Guangzhou clashes, rumours again played a role it seems. Workers had heard that testing companies were faking PCR test results to boost infection numbers and earn more money. #China pic.twitter.com/sad9cO2KAm
— Stephen McDonell (@StephenMcDonell) November 15, 2022
Циркулираат снимки на кои се гледаат голем број луѓе кои ги прескокнуваат срушените бариери во градскиот кварт Хаижу, кој се смета за епицентар на епидемијата во градот и е под сè порестриктивен карантин од 5 ноември.
Јавните протести се исклучително ретки во Кина и властите успешно се справуваат со секој обид за критика. Овој протест е јасен знак за зголемен гнев и очај кај јавноста поради строгото спроведување на стратегијата нулта ковид. Гуангжу во вторникот пријави повеќе од 5.100 нови случаи на коронавирус, од кои повеќето немаат симптоми.
Прашањето е дали стратегијата на Кина за борба против коронавирусот навистина може да биде успешна, со оглед на новите варијанти на вирусот, кои бргу се шират, пишува Си-ен-ен. Во вторникот кинеската Национална здравствена комисија објави повеќе од 17.772 нови случаја на инфекција во целата земја, што е највисок вкупен број од април 2021 година, при што Гуангжу сочинува повеќе од една четвртина од тие случаи.
Градот затвори вкупно три области, вклучувајќи го и Хаижу, минатата недела за да го запре ширењето. На жителите им беа воведени низа ограничувања за движење и деловни активности. На ова во последните денови следуваа дополнителни мерки за населбите што беа означени како висок ризик.
Зголемениот број случаи и строгите мерки принудија повеќе жители во Кина да се сомневаат во цената на мерките што властите ги спроведуваат за искоренување на случаите. Високи кинески претставници, вклучително и кинескиот лидер Шји Џјинпинг, ветија дека мерките ќе бидат балансирани со економските и социјалните интереси.
Граѓаните што се во карантин се соочуваат со низа проблеми, како отежнат пристап до медицинска нега, недостиг на храна и други потреби и недоволни приходи поради губење работа. Не постои опција за далечинско работење за да се зачува приходот за вработените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати
Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на пистата во Северна Каролина и се запали, објави „Дејли меил“.
Breaking: Multiple deaths after a plane crash at Statesville Regional Airport in North Carolina. WSOC, a local news channel, reports that NASCAR driver Greg Biffle owns the plane, although it is unclear if he was on board. pic.twitter.com/nzZMhSg1Tm
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) December 18, 2025
Несреќата се случила околу 10:15 часот по локално време кога авионот се урна во близина на пистата на регионалниот аеродром Стејтсвил. Снимките од местото на настанот покажаа густ црн чад како се издига од остатоците од авионот, кој беше целосно зафатен од пламен.
Канцеларијата на шерифот на округот Иредел потврди дека повеќе лица загинале во несреќата, но не даде точен број. Тие рекоа дека повеќе информации за жртвите ќе објави полицијата на Северна Каролина. Сè уште не е познато колку луѓе биле во авионот, кој вообичаено има капацитет од осум до десет патници.
Регион
(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана
Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а сето тоа поради спор околу корупцијата во владата, објави The Telegraph.
Драматични сцени од Тирана покажуваат како чад се шири низ салата додека пратениците се туркаат, а безбедносните сили се обидуваат да воспостават ред. Инцидентот е кулминација на неколкунеделните тензии во кои опозицијата ја обвини владата дека ги игнорира барањата за истрага за корупциските скандали што ја потресоа земјата.
🚨🇦🇱🔥‼️ BREAKING | FLARES IN PARLIAMENT: ALBANIA’S DEMOCRACY COLLAPSES LIVE ON CAMERA 🚨
What you are seeing is not a protest.
It is not “political theatre.”
It is a full institutional breakdown.Inside the Albanian Parliament, opposition MPs ignited flares, physically blocked… pic.twitter.com/OQvVXgGP1d
— Slavic Networks (@SlavicNetworks) December 18, 2025
Корупцијата е клучно политичко и социјално прашање во Албанија со години, а меѓународните институции и организации редовно предупредуваат за проблеми во судството, јавната администрација и системот за јавни набавки. И покрај реформите што официјално се започнати, особено во судството со поддршка на Европската Унија и САД, перцепцијата за широко распространета корупција останува силна кај јавноста.
Случаите во кои се вклучени високи државни функционери, градоначалници и луѓе блиски до владејачките структури привлекоа особено внимание, дополнително поткопувајќи ја довербата на граѓаните во институциите и политичкиот систем.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.

