Свет
(Видео) Пукање во Канада, најмалку четири лица се убиени

Најмалку четири лица се убиени при пукање во источниот дел на Канада, соопшти канадската полиција.
BREAKING: From Fredericton Police: “Re: Shooting. At this time, we can confirm multiple fatalities. The incident is ongoing. More information will be available when we can. Please continue to avoid the area of Brookside Drive between Main and Ring Road.” @CTVAtlantic pic.twitter.com/CS0zdbcKxJ
— Nick Moore (@NickMooreCTV) August 10, 2018
Инцидентот се случил во градот Фредерикот.
Полицијата преку социјалната мрежа „Твитер“ ги предупреди граѓаните поради безбедносни причини да останат во своите домови, да ги заклучат вратите и никому да не му отвораат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Словенците воведуваат скратена работна недела за оние што се блиску до пензија

Од 1 јануари 2026 година, во Словенија делумно ќе стапи во сила закон кој претставува вистинска револуција на пазарот на трудот. Освен зголемување на надоместоците за невработеност и јавни работи, како и олеснување на пристапот до пазарот на трудот за младите, студентите, но и пензионерите, законот ќе им овозможи на лицата кои се блиску до пензија да ја намалат работната обврска.
Конкретно, работниците постари од 58 години, како и оние со најмалку 35 години работен стаж, практично ќе можат да изберат помеѓу слободен петок, или скратен работен ден во траење од шест часа, потврдија од Министерството за труд, семејни и социјални прашања и еднакви можности за словенечките медиуми.
Според моделот наречен 80-90-100 – што значи 80 отсто работно време, 90% плата и 100% уплатени придонеси – Словенија делумно ќе ги преземе искуствата на земји како Исланд, Ирска и Германија. Во овие земји ваквите закони довеле до позитивни ефекти како зголемена продуктивност, помалку отсуства од работа и поголема ефикасност. Словенците веќе имаат неколку пилот-проекти, претежно во технолошки компании, кои покажале слични резултати.
Од Министерството за труд најавија дека, доколку измените се покажат успешни, ќе се оди во насока на дополнителна либерализација на прописите. До крајот на 2028 година се очекуваат и промени како додаток за работа во сабота, задолжителен божиќен бонус за сите вработени, па дури и воведување на 38-часовна работна недела.
Во оваа прва рунда на измени донесени се и други мерки. Така, од 2026 година невработените Словенци ќе имаат повисоки надоместоци за невработеност. Максималниот износ што ќе го примаат во првите три месеци по отказ или раскин на договорот за работа ќе изнесува 130 проценти од просечната бруто минимална плата во државата, што моментално е нешто повеќе од 1660 евра. Ако ни по три месеци не најдат нова работа, ќе имаат право на 110, па 100 отсто, па сè до 70 проценти од просечната бруто минимална плата.
Значајни промени и зголемени надоместоци ги очекуваат и учениците, студентите и учесниците во јавни работи, кои покрај повисоки минимални часовни тарифи ќе имаат и подобрени работни услови. Планирани се и стимулации за вработување на невработени лица постари од 59 години во износ од 40 проценти од месечниот нето надоместок, а оваа категорија ќе има право на зголемен број дозволени часови за привремена или повремена работа. Месечното ограничување за работа на пензионерите се зголемува од 60 на 85 часа месечно, соодветно со зголемување на максималниот годишен приход.
Законот на крајот беше усвоен по итна постапка бидејќи неговото донесување беше услов за повлекување 140 милиони евра европски средства за таа цел.
Свет
Договорено примирје: Тајланд и Камбоџа постигнаа договор за решавање на граничните тензии

Тајланд и Камбоџа постигнаа договор за решавање на граничните тензии, објави тајландската влада.
„Заврши состанокот на комитетот за решавање на ситуацијата на границата меѓу Тајланд и Камбоџа. Двете страни се согласија за договор од 13 точки за почитување на режимот за прекин на огнот. Претставниците на двете земји потпишаа протоколи насочени кон намалување на граничните тензии и враќање на мирот во граничната област“, се вели во соопштението објавено од тајландската влада на мрежата Икс.
Во неделата, Министерството за одбрана на Камбоџа го обвини Тајланд за планирање нови напади и нареди евакуации по граничните области, иако официјален Бангкок ги отфрли обвинувањата.
Тајланд и Камбоџа ја опишаа граничната ситуација денес како мирна и ветија дека ќе го почитуваат прекинот на огнот.
Постигнувањето на примирјето беше посредувано од премиерот на Малезија Анвар Ибрахим, во својство на претседател на АСЕАН, со притисок од Вашингтон и американскиот претседател Доналд Трамп.
Конфликтот меѓу Тајланд и Камбоџа произлегува од долгогодишни спорови што датираат од колонијалното време и договори што дефинираа заедничка граница.
Фото: ЕПА
Свет
Планирале државен удар во Германија: под истрага неколку лица

Сојузниот јавен обвинител во Германија започна истрага против неколку лица под сомнение дека се членови на терористичка организација и дека подготвувале сериозно кривично дело насочено против уставниот поредок, соопшти денес Сојузното обвинителство.
Како што е наведено, осомничените планирале насилно соборување на германската држава и воспоставување сопствен државен систем.
Групата е поврзана со таканаречените „Рајхсбургери“ околу принцот Хајнрих XIII, чии водечки членови беа уапсени во декември 2022 година.
Како дел од истрагата, идентификувани се нови осомничени кои наводно ја поддржувале групата или учествувале во подготвителни активности, соопшти баварската полиција.
Поради ова, баварската криминалистичка полиција, под надзор на Обвинителството во Минхен, започна истрага против шест лица.
Денес, во раните утрински часови, беа извршени претреси на осум локации, четири во Баварија, три во Саксонија и една во Тирингија.
Осомничените се пет мажи и една жена, на возраст меѓу 40 и 61 година, прецизираше полицијата.
Обвинителството соопшти дека, поради тековната истрага, во моментов не може да даде дополнителни информации и нагласи дека осомничените се сметаат за невини.