Свет
(Видео) Пукање во САД, еден мртов, тројца ранети
Најмалку едно лице е убиено, а три други се повредени во понеделникот во пукање во продавница на „Волмарт“ во Биверкрик, Охајо, објави телевизијата WHIO цитирајќи ги новинарите од местото на настанот, а сведоците изјавија за медиумите дека маж отворил оган со автоматска пушка.
Тројца од повредените се згрижени во блискиот медицински центар, изјави портпаролот на болницата. Полицијата во Биверкрик соопшти дека одговорила на пукањето и дека повеќе нема закана за јавноста. Биверкрик е град со околу 46.000 жители источно од Дејтон.
🚨#BREAKING: Gunman opens fire on shoppers inside a Walmart Multiple people have been shot
⁰📌#Beavercreek | #OhioCurrently, multiple law enforcement and emergency crews are on the scene after male suspect with a rifle entered inside Walmart store in Beavercreek, Ohio, and… pic.twitter.com/TOhn9GXhtO
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) November 21, 2023
Зградата е обезбедена и „во овој момент нема активна закана“, соопшти полицијата на платформата Х, без да соопшти никакви детали за можни жртви. Фотографиите од местото на настанот покажуваат редица полициски автомобили со запалени светла надвор од продавницата.
„Буквално, само пазарев за Денот на благодарноста и овој човек помина покрај мене со автоматска пушка и почна да пука“, рече една жена во видеото објавено на социјалните мрежи додавајќи дека не може да утврди дали некој е повреден или убиен. „Трчав… Пукаше 10 пати… Среќна сум што сум жива“, рече таа.
Друг сведок на социјалните мрежи го опиша напаѓачот како „висок, млад бел човек“, кој носел воена торба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Атентаторот на словачкиот премиер: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа наводниот атентатор и на кое тој зборува за причините поради кои се обидел да го убие словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Не се согласувам со политиката на владата“, наводно вели атентаторот на видеото.
#BREAKING 🚨‼️🇸🇰 Video of the assassin of Robert Fico Slovakia Premier. The reason for the assassination is that Fico is allegedly liquidating the media. Incredible statement from the suspect. #Slovakia #Fico pic.twitter.com/lRA4EFPOwG
— The Macro Story (@themacrostory) May 15, 2024
Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница и според словачките медиуми состојбата е многу сериозна. Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.
Регион
Телото на Светлана Драгијевиќ на обдукција, соседите се сомневаат на срцев удар
Телото на Светлана Драгијевиќ, мајката на осомничениот за убиството на малата Данка, која денеска почина во Злот, е предадено на Службата за судска медицина на болницата Бор каде ќе биде извршена обдукција.
Имала проблеми со срцето и соседите се сомневаат дека се работи за инфаркт.
Од апсењето на нејзините синови Дејан и Далибор, осомничени за убиство на малата Данка и прикривање на злосторството, а подоцна и на нејзиниот сопруг Драгослав, Светлана живее сама и често се жалела на здравствени проблеми.
Таа самата го погреба својот син Далибор, кој почина во притвор на 7 април.
– Слушнавме дека денеска излегла во населбата да побара помош. Прво влегла во двор, па ја преминала улицата до куќата на другите соседи и успеала само да каже: „дај ми чаша вода, не се чувствувам добро“ и се струполила. Луѓето веднаш повикаа брза помош, но ништо не можеа, изјави еден од жителите на Злот, кој не сакал да ја коментира судбината на Драгијевиќ.
Свет
Путин го осуди атентатот на премиерот на Словачка: Пренесете му ги зборовите на најискрената поддршка и желби за брзо и целосно закрепнување
Претседателот на Русија, Владимир Путин, испрати телеграма до претседателката на Словачка и го осуди атентатот на премиерот на Словачка, Роберт Фицo.
Атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо нема оправдување, тоа е грозоморно злосторство, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Во телеграмата што и ја испратил на својата словенечка колешка Зузана Чапутова, тој изразил и желба за опоравување на Фицо, пренесува ТАСС.
„Со огорченост дознав за обидот за убиство на Роберт Фицо, премиерот на Словачка, ова монструозно злосторство не може да има никакво оправдување“, напиша Путин во својата телеграма на веб-страницата на Кремљ и додаде:
„Го познавам Роберт Фицо како храбар и подготвен човек, навистина се надевам дека овие квалитети ќе му помогнат да ја издржи оваа тешка ситуација“, се обрати рускиот лидер и продолжи: „Ве молам пренесете му ги зборовите на најискрената поддршка, исто така и желбите за брзо и целосно закрепнување“.