Свет
(Видео) Пукање на аеродром во Филаделфија: еден полицаец убиен, друг ранет

На меѓународниот аеродром во Филаделфија еден полицаец е убиен, а друг е ранет за време на конфронтација со група мажи кои се обиделе да украдат автомобил во гаражата.
Локалната полиција соопшти дека двајца полицајци пристигнале на работа кога во гаражата виделе неколку мажи кои се обиделе да упаднат во возило, пренесува АП.
Кога им се приближиле, осомничените пукале кон полицајците, при што едниот го погодиле неколкупати во горниот дел од телото, а другиот во раката.
Името на убиениот полицаец не се соопштува, но било пријавено дека има 50 години и дека работел 22 години во полицијата.
Другиот полицаец е во стабилна состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Пукна тобоган на најголемиот крузер во светот, повреден патник

Еден патник е сериозно повреден откако се скрши тобоган на најголемиот крузер во светот, „Icon of the Seas“, додека тој се спуштал низ него.
Според сведоците, еден од деловите од тобоганот во водениот парк на бродот се скршил токму кога човекот се спуштал по него. Сведоците пријавиле дека патникот претрпел сериозни исекотини на нозете и грбот, објавува британскиот таблоид The Sun.
Инцидентот се случил вчера, а снимките покажуваат како паѓа вода од скршен дел од лизгалката.
И покрај сериозното оштетување на лизгалката, извештаите сугерираат дека патникот не паднал низ дупката и е во стабилна состојба.
Video shows the chaos on board Royal Caribbean's Icon of the Seas after a glass panel on a water slide shattered mid-ride, injuring one guest and sending water pouring into a public area.
The footage shows startled passengers screaming in fear as water cascades from the slide… pic.twitter.com/hqShp7uQDB
— CBS News (@CBSNews) August 8, 2025
Бродот управуван од „Royal Caribbean“ моментално плови на седумдневно крстарење низ Источните Кариби и треба да се врати во Мајами во сабота.
Инцидентот се случува само две недели откако член на екипажот на истиот брод нападнал колешка, а потоа скокнал од бродот и загинал.
„Icon of the Seas“ е најголемиот крузер во светот, со капацитет од 7.600 патници, и најголемиот воден парк на море, „Thrill Island“, кој вклучува шест џиновски тобогани. Бродот од 250.000 тони беше пуштен во вода минатата година.
Свет
Нетанјаху: Германија го наградува тероризмот на Хамас

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес му рече на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека е разочаран од неговата одлука да воведе ембарго за извоз на оружје за Израел, оценувајќи дека оваа одлука ќе ја награди палестинската милитантна група Хамас.
„Наместо да ја поддржува праведната војна на Израел против Хамас, кој го изврши најстрашниот напад врз еврејскиот народ од Холокаустот, Германија го наградува тероризмот на Хамас со воведување ембарго за извоз на оружје за Израел“, рече Нетанјаху, соопшти неговиот кабинет, објави The Times of Israel.
Нетанјаху, исто така, изјави „дека целта на Израел не е да ја преземе Газа, туку да ја ослободи Газа од Хамас“.
Свет
Германија го запира извозот на оружје во Израел

Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека неговата влада ќе го запре целиот извоз на оружје и воена опрема во Израел што може да се користи во Појасот Газа, како одговор на планот на Израел да го заземе градот Газа и следствено целата енклава.
„Германија нема да одобри извоз на воена опрема во Израел до понатамошно известување доколку постои можност таа да се користи во Газа“, рече Мерц во изјава дадена неколку моменти по објавувањето на израелските планови.
Тој нагласи дека е „сè потешко да се разбере“ како воената стратегија на Израел може да придонесе за постигнување на легитимни цели.
„Во овие околности, германската влада нема да одобри извоз на воена опрема што може да се користи во Појасот Газа“, додаде канцеларот.
Германија традиционално е еден од најголемите извозници на оружје во Израел и еден од неговите најблиски сојузници. Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI), САД биле најголемиот снабдувач на воена опрема за Израел од 2020 до 2024 година, додека Германија била втора на листата.
Сепак, и покрај поддршката, во последните месеци новиот канцелар Мерц дава сè порезервирани изјави во светлината на катастрофалната ситуација во Газа предизвикана од Израел, па затоа оваа одлука не е толку неочекувана.
Фото: ЕПА