Контакт

Свет

(Видео) Путин си го повреди прстот на тренинг со џудисти во Сочи

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, си го повреди прстот на десната рака за време на тренинг со џудистите во Сочи, пренесуваат руските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил додека Путин имал спаринг со олимпискиот шампион Беслан Мудранов, пренесе „Спутник“.

Проблемот е решен со фластер по што рускиот претседател продолжил да тренира.

Свет

Трамп вели дека може да ја запре војната за еден ден, Путин: Тој е сериозен

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека гледал делови од дебатата меѓу Џо Бајден и Доналд Трамп и дека сепак претпочита Бајден да биде новиот американски претседател.

dobivaj vesti na viber

Запрашан дали Бајден или Трамп се подобри и дали неговата преференца за Бајден се променила по дебатата, Путин рече: „Ништо не се смени“.

„Дали знаевме што може да се случи? Знаевме“, додаде тој. Путин неколку пати јавно кажа дека го претпочита Бајден отколку Трамп, дури и откако Бајден го нарече „луд кучкин син“.

На прашањето за изјавите на Трамп дека доколку победи на изборите може да ја прекине војната во Украина во рок од 24 часа, Путин рече дека Русија го сфаќа сериозно, но дека не знае никакви детали од мировниот предлог на Трамп.

„Фактот што господинот Трамп е претседателски кандидат покажува дека тој е подготвен и сака да ја запре војната во Украина, ние го сфаќаме тоа сериозно“, рече Путин.

„Се разбира, не сум запознаен со предлозите за тоа како тој мисли да го направи тоа. Тоа е клучно прашање. Но, нема сомнеж дека тој е сериозен во врска со тоа и ние го поддржуваме“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Српските цариници запреле порше, во долната облека на жената нашле околу 60 илјади евра

Објавено пред

Цариниците на граничниот премин Градина меѓу Бугарија и Србија во соработка со полицијата спречија патничка да прошверцува речиси 57.000 евра преку граница во долна облека која ја носела.

dobivaj vesti na viber

Случајот бил откриен кога на контролната линија на излез од државата пристигнало „порше кајен“ со странски регистарски таблички, во кое двајца патници патувале од Германија кон Турција.

Иако пријавиле само личен багаж и дозволената сума на готовина, при претресот во долната облека и градникот на сопатникот биле пронајдени 56.800 евра. Понатамошна проверка открила уште 18.000 евра во чантата на возачот.

На патниците им се вратени по 10.000 евра, сума што може да се префрли преку граница без пријавување, додека за судбината на преостанатиот износ од 54.800 евра ќе одлучува надлежниот суд, пишува српски Блиц.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Руските комичари кои ги насамарија европските политичари ја добија највисоката државна награда

Објавено пред

Руското дуо измамници, кои често успеваат да насамарат политичари интересни за руската држава, ја добија највисоката државна награда на Кремљ, јави денеска државната новинска агенција РИА.

dobivaj vesti na viber

Тоа се Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, кои ги користат псевдонимите Вован и Лексус, а РИА ја објави нивната фотографија направена на доделувањето на наградата во Кремљ со чаши шампањ во рака. Церемонијата се одржа вчера.

Наградата се доделува на руски и странски државјани. Критериумите за неговото доделување се зајакнување на мирот, пријателството, соработката и разбирањето меѓу Русија и другите народи.

Во јуни, Кузњецов и Столјаров објавија снимка од видео повик со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој падна на нивната измама. Го натераа да помисли дека разговара со поранешниот украински претседател, а со нив разговараше за Украина, САД и НАТО околу петнаесет минути.

Дуото е добро познато во Русија бидејќи со годините успеа да измами бројни политичари. Меѓу нив се италијанската премиерка Џорџа Мелони, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а во 2022 година успеаја да го измамат и тогашниот британски министер за одбрана Бен Валас.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура4 часа

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична, нарачавме ревизија

Целата постапка на преземањето на Универзалната сала на Министерството за култура од Град Скопје е многу проблематична, изјави министерот за...

Македонија6 часа

Главчев: Нема промена во позицијата на Бугарија кон Северна Македонија, бараме почитување на договорите

Позицијата на Бугарија во однос на Република Северна Македонија е непроменета – нашата земја сака да се почитуваат потпишаните договори....

Економија6 часа

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Барањето на синдикалците минималната плата да биде 450 евра новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека ќе...

Македонија6 часа

Mицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи, ако имаат подобра идеја за Судскиот совет, нека ја кажат

Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Еве, ако знаат подобро решение, нека дојдат и нека...

Култура7 часа

Фестивалот „Браќа Манаки“ ги има поднесено сите извештаи уредно и редовно во Агенцијата за филм, тврди директорот Дамевски

Извештајот на работната група, кој ја критикува работата на Агенцијата за филм и Друштвото на филмските работници (ДФРМ), е нарачан...

Македонија8 часа

120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на работна средба со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во Атина разговарале за итно интензивирање на...

Македонија8 часа

Герапетритис со порака до Скопје и Тирана: Дејствата со иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, ги нападна Скопје и Тирана во средата за време на состанокот со австрискиот...

Свет10 часа

Русија тврди дека уништила украински „миг-29“ на аеродромот „Долгинцево“

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека на аеродромот Долгинцево во областа Дњепропетровск е уништен украински борбен авион МиГ-29....

Регион10 часа

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС-предупредувања: се приближува силно невреме, град и грмежи

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС-порака поради...

Свет11 часа

(Видео) Ураганот Берил уништува сè пред себе: Јамајка е погодена од ветрови со брзина од 215 километри на час, следно е Мексико

Силниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на карипскиот остров, јавува...

Свет11 часа

Американскиот новинар Такер Карлсон најави интервју со Зеленски

Американскиот новинар Такер Карлсон, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуира рускиот претседател Владимир Путин...

Регион11 часа

Силни молњи предизвикаа пожари на Тасос

Силни молњи вчера предизвикаа два пожара на грчкиот остров Тасос, еден ден откако пожарникарите се справија со шумските пожари поттикнати...

Македонија11 часа

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот Коце Трајановски, кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата

По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ. „Јавното...

Македонија1 ден

Јавниот превоз ќе продолжи сепак да функционира непречено, откако од ЈСП рекоа дека скопјани ќе останат без приватен автобуски превоз

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе...

Македонија1 ден

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ: Освен темелни промени, не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска, во седиштето на партијата Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му...

Македонија1 ден

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Денеска, во 00.30 часот, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот кај клучката Гевгелија кон Граничниот премин Богородица...

Македонија1 ден

За децата со посебни потреби, кои не може да следат редовна настава, министерката Јаневска најавува општински училишта со ресурсен центар

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека е...

Македонија1 ден

Дамева: Граѓаните заслужуваат правда, не им е важно кои се членовите или претседателот на Судскиот совет, туку кој судија останува во судница

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не ја поддржува тезата за колективна одговорност и смета дека индивидуалната одговорност мора да...

Македонија1 ден

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено...