Европа
(Видео) Разнесен мостот на смртта, на кој во Џенова загинаа 43 луѓе
 
																								
												
												
											Во голема контролирана експлозија денеска се срушени остатоците од мостот во Џенова, кој минатата година се урна, при што загинаа 43 лица.
Поради големиот облак прашина при уривањето, околу 3.500 луѓе, кои живеат во близина, биле евакуирани како мерка на претпазиливост.
Станбените објекти под мостот беа евакуирани еден ден по инцидентот во август 2018 година.
Пожарникарите прскаа со вода за да ја намалат прашината предизвикана од експлозијата, но сепак огромен облак прашина го помрачи сончевото небо.
Обвинителите во Џенова и натаму бараат и ги разгледуваат недостаотоците во дизајнот и лошото одржување како можни причини за падот на мостот.
Мостот е дизајниран од познатиот архитект од Џенова, Ренцо Пјано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Европа
Автомобил експлодираше во Русија: загина офицер од единицата што го изврши масакрот во Буча
 
														Во експлозија на автомобил во регионот Кемерово во Русија загина рускиот полициски потполковник Венијамин Мажерин, член на единица поврзана со воени злосторства извршени во близина на Киев во 2022 година. Украинската служба за одбрана и разузнавање (ХУР) ја презеде одговорноста за неговото убиство, која објави и видео од запаленото возило.
Според соопштението на ХУР, Мажерин, роден во 1980 година, бил зад воланот кога експлодирало неговото возило. Тој служел во специјалната единица ОМОН „Оберег“, која е дел од Росгвардија (Национална гарда) на Русија за регионот Кемерово.
Разузнавачката агенција вели дека „Оберег“ е една од неколкуте единици на Росгвардија поврзани со злосторства извршени во регионот Киев за време на неуспешната офанзива на Русија врз украинскиот главен град во февруари и март 2022 година.
Во тој период, руските сили окупираа бројни градови и места, вклучувајќи ги Буча, Ирпин и Хостомел, оставајќи зад себе ужасни сцени по нивното повлекување.
Откако руските трупи се повлекоа кон крајот на март и почетокот на април 2022 година, украинските власти и меѓународните набљудувачи документираа докази за систематски воени злосторства против цивили. Според украинската национална полиција и Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права, повеќе од 1.000 цивилни тела се пронајдени во регионот на Киев, од кои околу 450 само во Буча.
Украинските и меѓународните истражители известија дека многу од жртвите имале знаци на егзекуции по кратка постапка, тортура и убивање. Телата биле пронајдени со врзани раце, со прострелни рани од блиску и со докази за тешка физичка злоупотреба.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците спасија камила што ја користеа Русите во офанзива
 
														Украинските сили спасија двогрба камила што ја користела руската армија за време на офанзивата во источна Украина. Според извештаите, војниците наишле на животното откако нападнале руска позиција, каде што го нашле како талка само. Снимките што се проширија на социјалните мрежи ја покажуваат камилата како следи бел пикап додека украинските војници работат на оштетен оклопен транспортер, објавува Телеграф.
Монголските камили потекнуваат од Централна Азија и се прилагодени да преживеат во сурови услови и да носат тешки товари. Ова не е прв пат камила да се види на украинското бојно поле – руски војник беше фотографиран како јава камила во февруари.
🇺🇦🐫 Modern Ukrainian contrasts. Some save a camel, others repair equipment… pic.twitter.com/iAKkiYLO5Y
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) October 27, 2025
Покрај камили, руските војници користат и коњи и магариња во своите напади. Виктор Соболев, член на Комитетот за одбрана на Руската Дума, ја оправда таквата практика. „Ако на фронтовската линија се користат некои методи како што се магариња, коњи и слично, тоа е сосема нормално“, рече тој.
In the last couple of days, there have been numerous videos appearing of Russian soldiers who have donkeys at their disposal. According to Russian sources, they have begun to be given to some units as pack animals.
https://t.co/Su96hBedkw pic.twitter.com/dUpBtGwOMw— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) February 5, 2025
Во текот на летото, командантот на јуришната единица „Бура“ на руската 9-та бригада, која дејствува во клучниот регион Донецк, започна со обука на коњанички јуришни тимови.
🫣🐴 The Russians are seriously discussing the appearance of horses on the front… pic.twitter.com/Miir9P2lUZ
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) October 3, 2025
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Зеленски по последниот руски напад: „Нормалните луѓе не се борат вака“
 
														Две лица се убиени во руски напад врз електрана во Украина, објави претседателот Володимир Зеленски во своето вечерно видео обраќање во четврток.
Термоцентралата во Славјанск, најголемиот град во регионот Донецк, кој сè уште е под контрола на Киев, беше погодена. Нападот се случи по една од најтешките ноќи од војната во Украина, со бројни напади врз енергетски објекти.
„Само пред неколку часа имаше напад врз термоцентралата Славјанск – напад со руски бомби. За жал, две лица загинаа. Мое сочувство. Има повредени. Ова е чист терор. Нормалните луѓе не се борат вака и светот мора соодветно да одговори на таквото руско војување“, рече Зеленски.
A few hours ago there was a strike on the Slovyansk Thermal Power Plant – a strike with Russian bombs. Sadly, two people were killed. My condolences. There are also wounded. This is outright terror. Normal people don’t wage war like this, and the world must respond appropriately… pic.twitter.com/IB1ChbCS7p
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 30, 2025
Како пример за реакцијата, тој ги наведе неодамнешните санкции воведени врз руските нафтени компании, велејќи дека тие покажале јасен ефект. „Извозот на нафта е основа на руската ароганција и ако санкциите останат или се заострат, Русија ќе претрпи значителни загуби“, убеден е украинскиот лидер.
Тој проценува дека Москва би можела да изгуби околу 50 милијарди долари следната година. „Построгите санкции би биле силна мерка за да се принуди Русија да ја запре војната“, истакна тој.
Тој, исто така, потврди дека Украина постигнала договори со Норвешка за енергија. „Ова вклучува поддршка за нашите купувања на гас. Имаме договори со Германија, Италија и Холандија и работиме со нив на опрема за производство на електрична енергија“, објасни тој.
фото: принтскрин


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											