Свет
(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија
Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки животи, а пожарникарите се немоќни.
Freeway in California today pic.twitter.com/QuAnfAwDmZ
— Internet Palace (@InternetPalace) 13 November 2018
Локалните власти соопштија дека очекуваат бројот на жртви и натаму да расте.
BREAKING: #CampFire death toll jumps to 42, making it the deadliest wildland fire in California history. Some of the dead were found next to their vehicles, apparently overcome by smoke and flames before they could jump in behind the wheel and escape. @nbcbayarea pic.twitter.com/CGGTnrnuJG
— Bob Redell (@BobNBC) 13 November 2018
Официјалните лица во моментот не го знаат точниот број исчезнати лица, но на терен, како што соопштија, ќе бидат испратени два спасувачки тима.
We asked readers to share what they saw during the California wildfires. Here’s what they showed us. https://t.co/z1ExI76kMS pic.twitter.com/SUxV1lNB3S
— Los Angeles Times (@latimes) 13 November 2018
Поради силниот ветер, пожарот во северниот дел, кој избувна во четвртокот, стана најразорниот пожар во историјата на Калифорнија со повеќе од 6.700 уништени куќи, вклучително и една болница во градот Парадајс, град во кој живеат околу 27.000 жители.
Viral Photo of Exhausted California Firefighters Sleeping After Working 24-Hour Shifts Resurfaces https://t.co/3MF8yleiCc
— People (@people) 13 November 2018
Без куќи останаа и голем број познати холивудски актери и пејачи.
As a son of a firefighter, this photo is powerful. Appreciate all our civil servants and thinking of everyone in California affected. pic.twitter.com/brOnCgMscp
— Nick Rolovich (@NickRolovich) 13 November 2018
Официјалните лица во моментот ја одредуваат причината за пожарот што ја погоди Калифорнија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Волк побегнал од зоолошка градина во Токио, брзо бил фатен
Волкот од зоолошката градина Тама во западен Токио, кој утрово избегал од својот ограден простор, е фатен, објави „Јапан тајмс“.
Чувар на зоолошка градина го пријавил инцидентот во паркот утрото и немало извештаи за повредени, објави јапонскиот медиумски сервис НХК. Откако потврдиле дека волкот останал во паркот, чуварите го фатиле.
Зоолошката градина ги повика посетителите кои веќе биле во паркот да останат на безбедни места и им го суспендирале влезот на другите.
Посетител од Хигашијамато во Токио за НХК изјавил дека влегол во зградата во близина на влезот откако слушнал за бегството на волкот.
„Кога ги видов полициските автомобили, го прашав чуварот на зоолошката градина што се случува. Се прашувам како избегал“, рече тој.
Свет
Донбас и Запорожје во фокусот на разговорите Зеленски–Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат попладнево на Флорида за да разговараат за планот за ставање крај на војната во Украина.
Зеленски најави дека на средбата во резиденцијата на Трамп на Флорида ќе разговара за судбината на спорниот регион Донбас во источна Украина, како и за иднината на нуклеарната електрана Запорожје.
Украинскиот претседател и неговата делегација пристигнале на Флорида доцна во саботата, соопшти заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Сергиј Кислица, на платформата Икс.
Москва повеќепати инсистираше Украина да го предаде целиот Донбас, вклучително и подрачјата кои сè уште се под контрола на Киев.
Зеленски во петокот за „Аксиос“ изјави дека сè уште се надева оти ќе успее да го ублажи американскиот предлог за целосно повлекување на украинските сили од Донбас.
Доколку тоа не успее, целиот мировен план во 20 точки би бил ставен на гласање на референдум.
За да се овозможи такво гласање, Зеленски изјави дека Русија треба да се согласи на 60-дневен прекин на огнот.
„Аксиос“ објави дека американските претставници ја сметаат подготвеноста за одржување референдум за „голем чекор напред“ и знак дека Зеленски повеќе не ја исклучува можноста за територијални отстапки.
Сепак, неодамнешна анкета сугерира дека украинските гласачи би можеле да го одбијат мировниот план.
Киев и Вашингтон се согласија за многу точки, а Зеленски во петокот изјави дека 90 проценти од мировниот план во 20 точки се усогласени.
Но, прашањето кој дел од територијата, доколку воопшто има отстапки, би ѝ бил предаден на Русија, останува нерешено.
Додека Москва бара целосна контрола врз Донбас, Киев предлага замрзнување на линиите на фронтот на сегашната состојба.
Соединетите Држави предложија воспоставување слободна економска зона доколку Украина се повлече од регионот, но сè уште не е јасно како таа би функционирала во пракса.
Depositphotos
Свет
Лавров со порака до Европа: Русија нема да нападне никого, но ако биде нападната одговорот ќе биде разорен
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака до европските политичари, нагласувајќи дека одговорот на Русија на евентуален напад врз неа би бил разорен.
„За политичарите во Европа кои не разбираат, а на кои, се надевам, ќе им биде прикажано ова интервју, повторувам уште еднаш: нема потреба да се плашат дека Русија ќе нападне некого“, рече Лавров.
Потоа додаде: „Ако некој се осмели да ја нападне Русија, одговорот ќе биде разорен“.
Лавров потсети дека таковиот став јавно го искажал неколку пати рускиот претседател Владимир Путин.
Шефот на руската држава претходно објави дека во случај на напад со западно оружје со долг дострел длабоко на територијата на Руската Федерација, ќе следи одговор.

