Свет
(Видео) Роберт де Ниро, Стивен Кинг и Мартин Шин го нападнаа Трамп критикувајќи ја и Русија
Познати американски личности, меѓу кои актерите Роберт де Ниро, Мартин Шин, Лоренс Фишбурн и Софија Буш, потоа продуцентот Роб Рајнер и писателот Стивен Кинг, снимија заедничко видео во кое го обвинуваат претседателот Доналд Трамп дека дошол на власт со помош на заговор со Русија.
Јавните личности тврдат дека во 2016 година руската влада ја нападнала демократијата во Соединетите Американски Држави со почнување „масовна тајна операција за да му помогне на Доналд Трамп да дојде на власт“.
Exclusive: @robreiner, @SophiaBush, @StephenKing, @jvn, and more are cutting through the Trump administration’s lies about the Mueller report pic.twitter.com/HaQRWj7KNK
— NowThis (@nowthisnews) June 21, 2019
На крајот од снимката познатите личности тврдат дека шефот на Белата куќа ќе одговара за тоа.
„Доналд Трамп, ако слушаш, во име на целиот американски народ, ќе одговараш за тоа бидејќи никој, дури ни претседателот на САД, не е над законот“, заклучуваат тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.