Свет
(Видео) Русите гранатираа неколку украински градови: меѓу загинатите се жена и дете
Неколку украински градови, меѓу кои и главниот град Киев, синоќа беа погодени од руски ракети. Министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, соопшти дека во синоќешниот руски ракетен истрел врз градовите Днипро и Уман и Киевската област загинале пет лица, а 13 се повредени.
Три лица загинаа во Днепар, меѓу кои жена и тригодишно дете, изјави локалниот градоначалник, пренесе Би-би-си.
⚡️Russia strikes Cherkasy Oblast overnight on April 28, injuring 5.
Russian forces attacked the city of Uman in central Cherkasy Oblast with cruise missiles in the early hours of April 28, regional governor Ihor Taburets said on Telegram.
Video: Zoya Vovk, Cherkasy Oblast… pic.twitter.com/j5yznTcCSy
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) April 28, 2023
Фотографиите на социјалните мрежи од централниот град Уман покажуваат тешко оштетена деветкатна зграда откако била погодена. Експлозии се слушнале и во градовите Кременчук и Полтава, пренесува „Интерфакс“.
Шефот на воената управа на градот Киев изјави дека ова е прв руски ракетен напад врз главниот град по 51 ден.
A terrible morning in Ukraine… again. New attacks in Kyiv and Dnipro region… A 3-year-old girl is killed…
How long will this continue? pic.twitter.com/SIGWWNd0Iy
— Inna Yaremenko (@YaremenkoInna) April 28, 2023
Засега нема информации за жртви во главниот град.
Во Украинка, Киевската област, две лица се повредени. Командантот на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, објави дека вооружените сили на Украина собориле 21 од вкупно 23 руски крстосувачки проектили, како и две беспилотни летала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

