Контакт

Европа

(Видео) Русите забрзано работат на новиот „миг“

Објавено пред

Руската авијациска компанија МИГ работи на моделот „миг 41“, нов борбен авион од шестата генерација, изјави извршниот директор на компанијата, Илија Тарасенко, за руската агенција ТАСС.

dobivaj vesti na viber

„Не, ова не е митски проект, ова е долгогодишен проект на МИГ, а сега интензивно работиме под чадорот на УАЦ и набргу ќе го претставиме леталото во јавност“, вели извршниот директор на МИГ.

Авионот „миг 41“ или ПАК ДП е пресретнувач кој ќе го наследи „миг 31“.

Поранешниот командант на руските воздухопловни сили и претседател на Комитетот за одбрана, Виктор Бондарев, рече дека се очекува експерименталниот развој на авионот да почне годинва.

Шефот на управата на МИГ, Илија Тарасенко, рече дека експерименталниот развој на најмодерниот руски пресретнувач ќе почне во блиска иднина, а неговото доставување до руските вооружени сили го најави кон средината на 2020 година.

Колку ќе чини целиот проект, засега не е познато.

Европа

Пристигна реакцијата на Лавров за можниот мировен договор со Украина

Објавено пред

Говорејќи во контекст на можниот мировен договор со Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју изјави дека Москва ќе избегне компромиси кои ќе ги загрозат животите на луѓето, пренесоа руските новински агенции.

dobivaj vesti na viber

Лавров истакна дека Русија нема да прифати присуство на силите на НАТО во Украина под никакви околности, дури и како дел од трајно мировно решение.

Изјавата ја даде вчера, но интервјуто беше објавено дури денеска.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Русите го нападнаа регионот на Киев со дронови, горат куќи

Објавено пред

Руските сили синоќа со беспилотни летала го нападнаа регионот на Киев, при што запалија неколку семејни куќи.

dobivaj vesti na viber

Засега нема извештаи за жртви.

Прикажи повеќе...

Европа

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Објавено пред

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

„Русија напредува (во Украина) и затоа ќе биде поинаку со Русија“, рече Константин Косачев, претседател на комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, во објава на Телеграм.

„Сите договори – со целосно разбирање за потребата од компромис – ќе бидат според наши услови, а не на американски. И ова не е фалење, туку разбирање дека вистинските договори се уште се пишуваат таму, на бојното поле. Тоа треба да го разберат и во Вашингтон“.

Вчера американските и украинските делегации започнаа мировни преговори во Џеда, Саудиска Арабија.

Киев на преговорите го претставуваа министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана Рустем Умеров, додека американската делегација ја предводеше државниот секретар Марко Рубио. Средбата траеше осум часа, а целта беше да се врати довербата и да се зајакне стратешкото партнерство меѓу Киев и Вашингтон по неодамнешните тензии.

Украина конечно ја потврди подготвеноста да го прифати предлогот на САД за итен, привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, кој може да се продолжи со согласност на сите страни, под услов Русија да се согласи и истовремено да го спроведе.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа59 минути

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...

Свет1 час

Австралија: Царините на САД се неоправдани, но ние нема да возвратиме

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави во понеделникот дека американските царини за австралискиот челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада...

Европа2 часа

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи...

Свет2 часа

(Видео) Трамп им вети „пекол“ на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател...

Свет2 часа

Стапуваат на сила царините на Трамп за челик и алуминиум

Во сила стапија царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум. Оваа мерка ја зголемува...

Македонија10 часа

Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ,...

Топ11 часа

Се судрија камион и цистерна на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во целосен прекин

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат, Градско-Прилеп, кај селото Раец поради судир на цистерна и камион. Од АМСМ известија...

Свет12 часа

Трамп се надева дека прекинот на огнот во Украина ќе стапи во сила во следните денови

Претседателот на САД, Доналд Трамп зборуваше со новинарите пред Белата куќа, потврдувајќи дека очекува да разговара со Владимир Путин оваа...

Свет13 часа

Америка ја враќа воената помош во Украина, Киев: Подготвени сме на примирје од 30 дена

Соединетите држави и Украина издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат...

Македонија13 часа

Единаесет лица се приведени за злоупотреба на тендер за набавка на мазут

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една...

Македонија15 часа

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа....

Топ16 часа

Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат

Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот...

Македонија19 часа

Чачарова-Илиевска: Не планирам денес да одам во Собранието за интерпелацијата, таа е недозволива и акт на преседан

Тања Чачарова-Илиевска од Судскиот совет нема да присуствува на седницата во Собранието за нејзината интерпелација заедно со интерпелациите за Весна...

Топ19 часа

Уапсени 11 лица, пронајдени оружје, документи, возила: МВР за вчерашната акција

Вчера е спроведена полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што...

Македонија21 час

Жерновски: Добредојдовме во новото ненормално, во кое сме западнобалканска копија на Орбан

Поранешниот амбасадор и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, преку објава на социјалните мрежи реагира на владината надворешна политика....

Македонија21 час

Спречени обиди за шверцување облека и парфеми со потписи на познати трговски марки, суплементи за миленици

Царинската управа извести дека во текот на минатата недела, царинските службеници спречиле повеќе обиди за криумчарење разна стока. „636 парчиња...

Македонија21 час

(Видео) Андоновски го призна скандалот со тендерите, кои завршиле кај сопругот на неговата државна секретарка, ДКСК и Обвинителството итно да постапат, бара СДСМ

„СДСМ јавно ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална...

Македонија21 час

Холокаустот не почна со гасни комори, туку со зборови на омраза, со мали зла, што не беа спречени, рече Мицкоски на 82-годишнината од депортацијата на македонските Евреи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години...

Македонија23 часа

„Денес, ќе чуете како криминалците на Филипче, поради провизии и бизниси со неговиот бизнис-ас Јахоски, го труеле народот со канцероген мазут“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Врвот на лицемерието кога СДС и Филипче ронат солзи за аерозагадувањето, а поради бизнис и пари нивниот пратеник и бизнис...

Македонија24 часа

(Фото) Почна официјалната посета на претседателката Сиљановска-Давкова на Република Азербејџан

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев,...