Европа
(Видео) Русите објавија видео од тројца заробени украински морнари
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави видео од тројца украински морнари заробени при запленувањето на бродовите во теснецот Керч.
На видеото, морнарите признаваат дека ја прекршиле руската граница.
АП забележува дека засега не е можно да се утврди дали морнарите ја зборуваат вистината или можеби сведочат под присила, но пишува и дека јасно било дека еден од морнарите читал.
Претходно, руската агенција ТАСС објави дека шефот на Службата за безбедност на Украина, Васил Гричак, ги потврдил информациите за присуството на двајца воени контраразузнавачи на СБУ на бродови на украинската морнарица, кои беа заробени во неделата во Керч поради повреда на руската државна граница.
Украина вчера воведе воена состојба во земјата. Руската страна го нарече инцидентот кај Керч провокација, а ЕУ и НАТО повикаа на деескалација на ситуацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Голем украински напад со дронови, Русија ги затвора аеродромите
Украина синоќа употреби беспилотни летала за да ги нападне објектите за гориво и енергија во руските региони Астрахан и Волгоград.
Руското Министерство за одбрана тврди дека руската војска пресретнала и уништила 70 украински беспилотни летала.
У ніч на 3 лютого дрони завдали удару по нафтопереробному заводу у Волгоградській області РФ pic.twitter.com/WdrREPB5TX
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) February 3, 2025
Гувернерот на регионот Астрахан, Игор Бабушкин, изјави дека украинската војска се обидела да нападне објекти во неговиот регион со беспилотни летала, велејќи дека тие биле насочени кон енергетската инфраструктура. По падот на дрон избувна пожар, но нема жртви“, напиша тој.
Иако Бабушкин не прецизираше кој објект бил погоден, телеграмскиот канал База, кој е поврзан со руските безбедносни служби, објави напад на фабрика за преработка на гас во близина на Астрахан.
Дрони атакували Астраханський газопереробний завод в Росії pic.twitter.com/tBZcOUEaWW
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) February 3, 2025
Покрај тоа, руската Федерална агенција за воздушен транспорт привремено ги прекина летовите на аеродромите во Астрахан, Казан, Нижнекамск, Саратов, Уљановск, Владикавказ, Грозни и Махачкала.
Слични ограничувања беа воведени и на аеродромот во Волгоград, каде што беа пријавени експлозии и во нафтена рафинерија, заедно со прекин на електричната енергија во градот.
Европа
(Видео) Зеленски: Украина е поблиску до мир од кога и да било од почетокот на војната
Украина успеа да ја одбрани својата држава и независност и сега е поблиску до мир отколку кога било во речиси три години од почетокот на инвазијата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Асошиетед прес.
„Ние се бориме, живееме, правиме се за да постигнеме мир. Сега сме поблиску од кога било во овие три години војна. Одбраната на нашата држава, независноста, нашата земја, главниот град, многу различни градови и села – сето тоа го постигнавме“, рече украинскиот претседател.
„За жал, изгубивме многу луѓе. Горд сум на нашиот народ и нивната храброст. Кој можеше да замисли дека сето ова ќе се случи? Никој. Кој можеше да ги предвиди сите последици? Никој“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека Украина мора да направи се за да го стабилизира животот и сите граѓани конечно да доживеат мир. „Мислам дека тоа е најважно“, додаде тој.
Зеленски за Трамп и преговорите со Русија
Зеленски ја коментираше и можната улога на американскиот претседател Доналд Трамп во постигнувањето мир. Тој рече дека ако Трамп навистина сака да го натера рускиот диктатор Владимир Путин на мировен договор, ќе успее.
Во интервју за АП, тој предупреди дека исклучувањето на Украина од американско-руските преговори за ставање крај на војната би било „исклучително опасно“. Тој рече дека Киев и Вашингтон мора да ги продолжат разговорите за да развијат план за прекин на огнот.
Европа
Редок истап на Ангела Меркел, го критикува свјот наследник на чело на партијата
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го критикуваше лидерот на својата партија поради усвојувањето на предлогот во парламентот со поддршка на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). Меркел го обвини лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц дека го прекршил ветувањето дека нема да соработува со АфД во Бундестагот.
Во средата пратениците на АфД гласаа за предлогот на ЦДУ за построги правила за имиграција. Мерц, кој се очекува да биде следниот канцелар на Германија поради водството на ЦДУ во анкетите, објасни дека политиката не е погрешна само затоа што „погрешните луѓе ја поддржуваат“ и дека тој не ја барал или ја сакал поддршката од АфД.
Сепак, Меркел го обвини дека го прекршил ветувањето што го дал во ноември дека ќе работи со Социјалдемократската партија и Зелените за донесување закони, наместо со АфД. Ова претставува многу необичен и редок истап на жената која ја водеше Германија 16 години, пишува Би-би-си.
Меркел потсети дека Мерц изјавил дека „нема да биде дел од мнозинството со оние од АфД дури и при поставувањето на дневниот ред во парламентот“.