Свет
(Видео) Русија ја покажа воената база на Арктикот лоцирана блиску до територија на НАТО
Русија неодамна ја прошири пистата во својата воздушна база „Нагурскоје“ на должина од 3.500 метри, што значи дека таму може да приземји поголем дел од своите воени авиони, вклучително и ловци што патролираат по поларното небо.
На прашањето дали тоа значи дека руските тешки стратешки бомбардери, како што е „ТУ-95 медвед“, може да оперираат од тука, генерал-мајорот Игор Чуркин гордо потврдува дека може.
„Се разбира дека може“, се пофалил тој покажувајќи кон инфо-графикот за базата.
„Погледнете. Во оваа база може да слетаат сите видови авиони“.
Руските вооружени сили им дозволија на медиумските куќи, вклучително и на Си-ен-ен, ретка можност за пристап до најсеверната воена база на островот Александар Први на почетокот од оваа недела.
Си-ен-ен дозволата ја добил непосредно пред состанокот на Арктичкиот совет, група од осум држави што граничат со северниот поларен регион, со кој Русија го презеде претседателството годинава. Инаку, ова е една од сè поголемиот број арктички бази што Русија ги изгради или надгради во последните неколку години.
Изградбата на базата, позната како „Арктичка детелина“, заврши во 2017 година. Се наоѓа на 257 километри источно од најисточниот дел на норвешкиот архипелаг Свалбард – територија на НАТО.
Новата база е изградена за сместување на речиси 150 војници со цел да осигури дека руската северна флота е автономна и самостојна. Сето ова е дел од она за што претседателот Владимир Путин вели дека е клучен напор за зајакнување на присуството на Москва на Арктикот.
Во базата има технологија што Русите ја опишуваат како најсовремената радарска станица за следење на движењата на бродовите и авионите на НАТО. Командантот на воздухопловните сили вели дека често следат американски и други авиони што ги сметаат за непријателски.
Армијата на новинарите им демонстрирала две моќни одбранбени ракети. За нив се тврди дека може да погодат бродови или копнени цели оддалечени повеќе од 200 милји од морето.
„Баш вчера видовме разузнавачки авион на НАТО. Го следевме четири часа пренесувајќи ги сите информации до повисокиот команден центар, позицијата на авионот и неговата рута, во која насока се упати“, објаснил Чуркин.
„Непријателот никогаш не останува незабележан“, додал тој.
Јасно е дека тензиите меѓу големите сили се прелеваат на Арктикот и Русија ја смета оваа база за клучен адут во таа ситуација.
Белата куќа со зголемена загриженост ги следи воените засилувања на Русија. Пред Арктичкиот совет, американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, рече дека САД се загрижени за зголемената воена активност на Арктикот.
Блинкен првпат се соочи лице в лице како државен секретар со рускиот колега Сергеј Лавров во средата на маргините на Арктичкиот совет во Рејкјавик. Тој истакна дека не е тајна оти постојат разлики меѓу САД и Русија.
Лавров одговори со изјава дека Русија е подготвена да разговара за сите прашања на маса, но додаде: „Како две страни силно не се согласуваме кога станува збор за нашите процени на меѓународната состојба и во нашите пристапи за тоа како треба да се решаваат проблемите“.
Во четвртокот Путин се закани дека ќе им ги скрши забите на странските непријатели што сакаат да гризат делови од руската територија. Без именување и цитирање никого, Путин рече дека критичарите се жалат дека огромни енергетски ресурси ѝ припаѓаат само на Русија и нагласи дека единственото решение е развој на руските вооружени сили.
„Тие треба да знаат, оние што ќе го сторат тоа, дека ќе им ги скршиме забите на сите за да не може повеќе да гризат… и клучот за тоа е развој на нашите вооружени сили“, порача Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026

