Свет
(Видео) Руската армија тестираше нова ракета за противвоздушна одбрана во казахстанската пустина

Москва успешно ја тестира својата нова пресретнувачка ракета за во пустината во Централна Азија во време кога руската армија се подготвува да ги добие системите за противвоздушна одбрана „С-500 Прометеј“ од следната генерација, пренесува РТ.
Тестот се одржа во базата за тестирање „Сари Шаган“ во централен Казахстан, соопшти руското Министерство за одбрана. Војската не прецизираше каков вид проектили користела, велејќи само дека лансерот е веќе во употреба.
„Новата пресретнувачка ракета ги докажа своите карактеристики и успешно ја заврши својата задача со удар воцелта”, рече Павел Кузмин, портпарол на Воздушната одбрана и антибалистичката команда.
Москва во последниве неколку месеци спроведе неколку тестови на проектили, а последниот беше на почетокот од јуни.
Руската армијата не објавува детали за тестовите, но претходно беше споменато дека рускиот противвоздушен ракетен систем „С-500 Прометеј“ од следната генерација ги поминал најголем дел од своите испитувања и влегол во производство за војниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германскиот канцелар: Договорено е Путин и Зеленски да се сретнат во рок од две недели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се огласи кратко по завршувањето на разговорите во Белата куќа со Доналд Трамп.
Мерц рече дека ова се „одлучувачки денови за Украина“ и дека очекувањата од состанокот не само што се исполнети, туку и надминати. Тој нагласи дека цела Европа мора да учествува во обезбедувањето сигурносни гаранции за Украина.
Тој додаде дека Трамп разговарал со Владимир Путин и дека е договорено средбата меѓу Путин и Володимир Зеленски да се одржи во рок од две недели, објави Ројтерс.
Средбата, за која Путин се согласил за време на телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, ќе се одржи на сè уште неопределена локација, изјави Мерц за новинарите.
Мерц рече дека не знае дали Путин ќе има храброст да се сретне со Зеленски.
Британскиот премиер за Си-ен-ен: Многу работи се договорени
На прашањето на новинар на Си-ен-ен што е договорено на состанокот, Стармер кратко одговори: „Многу работи се договорени“.
фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Путин во разговорот со Трамп предложил да се сретнеме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција пред Белата куќа по историската средба со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери.
Тој му се заблагодари на Трамп за она што го нарече „најдобрата средба досега“, истакнувајќи дека имал можност да му покаже мапа на бојното поле и да му објасни кои територии се контролирани од украинските и руските сили. „Нашиот тим направи многу“, рече Зеленски, нагласувајќи дека сојузниците се обединети и дека на Украина не ѝ е потребна пауза во војната, туку „вистински мир“.
Украинскиот претседател откри дека добил „важни сигнали“ од Соединетите Држави за безбедносните гаранции и дека Вашингтон понудил да одржи трилатерален состанок со Трамп и Владимир Путин „што е можно поскоро“.
Според него, Путин во разговорот со Трамп прво предложил билатерален состанок, а потоа и трилатерален, пренесува Ројтерс. „Украина е подготвена да се сретне со Путин во која било форма“, рече Зеленски, додавајќи дека деталите за безбедносните гаранции ќе бидат разработени во следните десет дена.
фото: принтскрин
Свет
Трамп вели дека започнал со подготовките за средбата Путин-Зеленски

Доналд Трамп ги истакна можните следни чекори по средбите во Белата куќа.
Тој, исто така, потврди дека разговарал со Владимир Путин за да започне со подготовки за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според Трамп, состанокот ќе се одржи пред трилатералниот состанок на кој ќе учествуваат тој, Путин и Зеленски. Ова се разликува од она што самиот Трамп го кажа претходно вечерта, кога објави дека трилатералниот состанок ќе биде првиот чекор.
Трамп, исто така, додаде дека неговите високи претставници сега се координираат со Киев и Москва.
Кремљ сè уште не потврди
Кремљ не потврди дека Владимир Путин се согласил или дека се договара средба со Зеленски.
Според извештаите на руските државни медиуми, советникот на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека Путин топло му се заблагодарил на американскиот претседател на самитот во Алјаска во петокот.
Ушаков, исто така, рече дека Трамп и Путин изразиле поддршка за продолжување на директните разговори меѓу Русија и Украина. Според РИА Новости, разговорот траел 40 минути, а двајцата претседатели се согласиле да останат во контакт по други прашања.
фото: принтскрин