Свет
(Видео) Руската армија тестираше нова ракета за противвоздушна одбрана во казахстанската пустина
Москва успешно ја тестира својата нова пресретнувачка ракета за во пустината во Централна Азија во време кога руската армија се подготвува да ги добие системите за противвоздушна одбрана „С-500 Прометеј“ од следната генерација, пренесува РТ.
Тестот се одржа во базата за тестирање „Сари Шаган“ во централен Казахстан, соопшти руското Министерство за одбрана. Војската не прецизираше каков вид проектили користела, велејќи само дека лансерот е веќе во употреба.
„Новата пресретнувачка ракета ги докажа своите карактеристики и успешно ја заврши својата задача со удар воцелта”, рече Павел Кузмин, портпарол на Воздушната одбрана и антибалистичката команда.
Москва во последниве неколку месеци спроведе неколку тестови на проектили, а последниот беше на почетокот од јуни.
Руската армијата не објавува детали за тестовите, но претходно беше споменато дека рускиот противвоздушен ракетен систем „С-500 Прометеј“ од следната генерација ги поминал најголем дел од своите испитувања и влегол во производство за војниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вети олеснување на прописите во САД за поседување оружје што ги воведе Бајден
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети во говорот во Националната асоцијација за пушки (NRA) дека ќе ги олесни прописите за поседување оружје што ги воведе демократскиот претседател Џозеф Бајден.
Трамп го искористи обраќањето до илјадници членови на NRA во Далас за да ја расветли неговата политика, но и да ги охрабри членовите на NRA да гласаат на ноемвриските избори, пренесува Ројтерс. „Треба да ги натераме сопствениците на оружје да гласаат. Мислам дека сте бунтовен куп.
„Бидете бунтовни и гласајте овој пат“, рече Трамп во говорот што траеше повеќе од 90 минути.Националната асоцијација за пушки (НРА) со ентузијазам го поддржа Трамп за време на претседателската трка во 2016 година и во текот на неговата администрација.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.