Свет
(Видео) Руските актерка и режисер кои снимаа филм во вселената се вратија на Земјата
Руските актерка и режисер кои поминаа 12 дена на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за да го снимат првиот филм во вселената, утрово се вратија на Земјата.
Вселенското летало „Сојуз МС-18“ со Јулија Пересилд, Клим Чипенко и космонаутот Олег Новицки слета во Казакхстан точно во предвиденото време, 4,36 часот наутро.
Возвращение на Землю киноэкипажа в составе космонавта @novitskiy_iss, актрисы Юлии Пересильд и режиссера Клима Шипенко ???
? Давайте вспомним основные моменты первой половины сегодняшнего дня: закрытие люков, расстыковка, посадка и первая встреча с Землей! pic.twitter.com/GXbBzmHv0W
— РОСКОСМОС (@roscosmos) October 17, 2021
Руската вселенска агенција Роскосмос објави на „Твитер“ дека спуштањето е успешно и дека тимот се чувствува добро.
Космонаутот и филмското дуо го снимаа првиот филм во вселената. Филмот е со привремен наслов „Предизвик“ и прикажува хирург (ЈулијаПересилд) кој патува на ИСС за да спаси живот на еден астронаут.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Масовно уништување“: Газа на првиот ден од прекинот на огнот
Снимка со беспилотно летало од северна Газа, направена за Си-Ен-Ен на првиот ден од прекинот на огнот, го покажува огромниот размер на уништувањето предизвикано од петнаесетмесечната војна, пренесува медиумот.
Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста исто така го поздрави прекинот на огнот во Газа и почетокот на ослободувањето на преостанатите заложници кои ги држеше Хамас.
„Олеснување е конечно да се видат ослободени првите заложници и пристигнувањето на хуманитарна помош, примирјето да стапи на сила во Газа“, рече Кошта во објавата на платформата „Х“.
Тој рече дека „договорот ја носи потребната трошка надеж во регионот“.
„Сите страни мора да се придржуваат до него. Мирот е единствениот пат напред“, додаде Кошта.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш исто така го поздрави почетокот на спроведувањето на договорот за прекин на огнот и ослободувањето на заложниците во Газа во објава на мрежата „Х“.
„Ние сме подготвени да ја поддржиме оваа имплементација и да ја зголемиме испораката на постојана хуманитарна помош до Палестинците кои продолжуваат да страдаат. Императив е овој прекин на огнот да ги отстрани значајните безбедносни и политички пречки за испораката на помошта“, рече Гутереш.
Свет
Светски економски форум во Давос: Трамп и вештачката интелигенција во фокусот
Светската политичка и економска елита денеска се собира во швајцарскиот зимски центар Давос на годишниот Светски економски форум (СЕФ).
На овогодинешниот собир ќе присуствуваат околу 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери.
Лидерските говори ќе почнат утре, по денеска е официјалното отворање на конференцијата.
Официјалната програма вклучува разговори и панели за сајбер криминал, вештачка интелигенција и технолошки промени, под мотото „Соработка за интелигентно доба“.
Но, набљудувачите веруваат дека овогодинешниот состанок повеќе од се’ ќе биде преокупиран со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите потези во неговиот втор претседателски мандат.
Трамп претходно најави дека ќе воведе царини за увоз од Кина и други големи трговски партнери, од кои повеќето ќе бидат претставени на СЕФ.
Трамп беше првиот американски претседател кој лично присуствуваше на форумот за време на неговиот мандат. Во четврток 78-годишниот Трамп повторно ќе зборува во Давос, но преку видео врска.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да зборува утре, истиот ден со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Свет
Поранешен советник на Трамп: Украина може да стане реприза на Виетнам
Ситуацијата во Украина може да стане реприза на војната во Виетнам за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, доколку тој навреме не престане да го поддржува Киев, изјави Стив Банон, поранешен главен стратег на Белата куќа и поранешен советник на Трамп.
Бенон предупреди дека Трамп ризикува дополнително да ги вовлече САД во конфликтот во Украина доколку не се откаже од поддршката за Киев. Тој ја спореди сегашната ситуација со времето на поранешниот претседател Ричард Никсон, кој се обиде и не успеа да ја извлече земјата од Виетнамската војна.
„Ако не внимаваме, ова ќе стане „Трамповиот Виетнам“. Токму тоа му се случи на Ричард Никсон. „Како резултат на тоа, тој стана одговорен и тоа стана негова војна, а не на неговиот претходник Линдон Џонсон“, изјави Банон за американските медиуми.
Тој посочи дека специјалниот претставник на новоизбраниот претседател за Украина, Кит Келог, не е во право кога вели дека конфликтот може да се прекине додека се задржува американската поддршка за Киев. Тој верува дека вовлекувањето на САД во воен конфликт не е во американски интереси, „бидејќи е невозможно да се победи“.