Свет
(Видео) Руски тенкови влегоа во Украина

Русија започна инвазија на Украина во раните утрински часови.
Извршен е координиран напад на неколку воени аеродроми, а сега се појави и видео од руските тенкови како се движат кон Донбас во источна Украина, јави турската агенција „Анадолија“.
Russian military tanks seen in separatist-held Donetsk region of eastern Ukraine pic.twitter.com/OPLq6zi6z6
— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) February 23, 2022
Од друга страна, конвој руски тенкови е снимен на преминот Санкивија на границата со Белорусија, јавува Си-ен-ен.
Украински воени извори јавуваат дека земјата била нападната од север, од границата со Белорусија, како и дека во нападите наводно учествува и белоруската армија, пренесува „Гардијан“.
По рускиот напад излегоа бројни светски претставници.
Западните лидери веднаш ја осудија воената одлука на Владимир Путин, а американскиот претседател Џо Бајден беше меѓу првите што се огласи.
Лидерите на земјите членки на Европската Унија денеска ќе одржат вонреден состанок на кој ќе разговараат за новите санкции против Русија поради одлуката на Москва да започне воена акција во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.